Бизнис

Пастрмајлија како економски индикатор?

Во Грузија имаат едно печено лепче кое по изгледот и по популарноста е слично на македонската пастрмалија. Тамошни економисти од тоа прават економски индекс со кој мерат инфлација и утврдуваат разлики во трошоците на живот по градовите.

Манчестер јунајтед и парадоксот на профит без трофеи

Кога на кратко би требало да се раскаже историјата на Манчестер јунајтед таа би гласела: Алекс Фергусон со 38 големи трофеи во речиси 27 години, и после нешто ситно. Парадоксот е што во пари на клубот уште му е како Фергусон да е на клупа.

Како (не) функционираат субвенции за инвестиции

Отприлика во исто време кога Амазон објавува дека се повлекува од градење ново седиште во Њујорк, а со тоа и од субвенции од 3 милијарди долари, Генерал електрикс реши дека ќе го намали бројот на вработени во Бостон, каде се пресели пред само три години по формулата милиони долари во даночни олеснувања за нови вработувања.

Некои од најбогатите фирми нема да платат данок

Заради законот за данокот на Трамп, добар дел од најбогатите американски компании ќе платат мал данок. Или нема да платат. Или државата ќе им враќа пари.

Дојче банк планирала да почека со присилната наплата на кредитот на Трамп

Најголемата германска банка размислувала околу продолжувањето на роковите на Трамп организацијата за враќањето на долгот од 340 милиони долари, „за да се избегне кошмарното сценарио за присилна наплата на пари од актуелен американски претседател.“

Амазон стигна до неверојатен данок од 0 долари на профит од 11 милијарди долари

Втора година по ред Амазон нема да и плати ни долар данок на профит на американската држава. И ова, ненамерно, значително е помогнато од политиките на Трамп.

Амазон се откажа од градење кампус во Њујорк

Во процедура која наликуваше на избор на домаќин за Олимпијада, повеќе американски градови се кандидираа и му се нудеа на Амазон кај нив да го отвори својот нов кампус. Победи Њујорк, во добар дел и заради субвенциите од 3 милијарди долари што градот одлучи да и ги даде на компанијата. Вчера Амазон објави дека се откажува од Њујорк.

Ни Бил Гејтс не сака 70% данок

Човекот кој своето богатство го вети на решавање глобални проблеми иако е сложен дека треба даночната стапка во САД да биде попрогресивна (повисока), сепак не е лагоден со бројките што ги спомнуваат некои „екстремни“ политичари како Александрија Окасио-Кортез и нејзините 70% данок за богаташи. Според него „не е тоа поентата“.

Шведска нема кеш

Не постои земја на светот која толку брзо се ослободува од кешот како начин на плаќање како Шведска. Во 2018 година само 13% од луѓето се фатиле за пара кога нешто плаќале. Ситно нема ни во јавни вецеа.

Трамп тера социјализам за богатите, а капитализам за сите останати

Во неодамнешното обраќање пред Конгресот, Трамп прогласи дека „Америка никогаш нема да биде социјалистичка држава“, притоа игнорирајќи дека таа е станата жариште на социјализмот, барем на социјализмот за богатите.

Закерберг пропуштил шанса да има сопствен Мекдоналдс наместо да се мачи со Фејсбук

Пред да запише колеџ, Марк Закерберг добива понуда од својот татко Едвард, да бира дали сака да оди на Харвард или сака да води сопствен Мекдоналдс по франшиза.

Нека му е лесен пасворд

"Менувачница" на криптовалута соопшти дека не може да исплати 190 милиони долари на нејзините клиенти. Затоа што сопственикот починал. И со себе во гроб ги однел лозинките.

Безос до гуша во ќар од владеењето на Трамп

Првиот човек на Амазон, Џеф Безос, е еден од најголемите бизнис душмани на првиот човек на САД, Доналд Трамп, а и покрај тоа овие две години од мандатот на вториов се најпрофитабилни во кариерата на првиот.

Треба ли воопшто да постојат милијардери?

Следејќи го успехот на некои кандидати на демократите на изборите во ноември, во САД, пред следните претседателски избори, сериозно почнува да се разговара на темата социјални права и правдини. Во овој муабет неизбежно главни негативци се луѓето кои успеаа да станат милијардери на сметка на растечката разлика меѓу најбогатите и остатокот од американското општество.

500-че збогум, штета што не се запознавме како што треба

По неколку години најави и договарање, во понеделникот централните банки низ ЕУ официјално најавија дека ќе престанат да ја издаваат банкнотата од 500 евра.

Сопственикот на Гучи и должи цело богатство на Италија

Долгот не е заради некаква инспирација или авторски права, туку чисто сметководствен, заради данок што брендот го нема платено во земјата, а беше откриен во ревизија на компанијата.

Првиот банкрот предизвикан од климатски промени?

Најголемиот снабдувач на Калифорнија со електрична енергија и гас објави банкрот откако против него беа поднесени барања за оштета во износ од десетици милијарди долари заради штета предизвикана од обемните пожари во американската соујзна држава.

Телохранителите на Силициумската долина

Додека дигиталната безбедност им е решена од канцеларија преку тастатура, физичката безбедност на првите луѓе на глобалните технолошки гиганти се решава со ангажмани вредни милиони долари.

Епл годишно троши 150 милиони долари само на една авио-компанија

Внатрешен податок од авио-компанијата Јунајтед покажува дека Епл е нивниот најголем корпоративен клиент, кој годишно им купува авионски карти во вредност од 150 милиони долари.

Гугл решил дека на 20 милијарди евра најдобро ќе им биде да легнат на Бермудските острови

Парите се префрлени во 2017, а за нив се дозна дури скоро од документи поднесени во Холандската трговска комора. Ако го прашувате Гугл, нема ништо спорно во тоа.

Елон Маск меѓу блесаво богат и позитивна нула

Иако од кај него од фирма не објавуваат, други му пресметаа на Маск дека еден работен час ќе му чини 900.000 долари. Исто така ништо од овие 900 илајди на час не му е гарантирано.

За биткоинот: Секоја генерација има свој ТАТ

„Да, биткоинот беше меур и тој пукна“, пишува Ноа Смит во Блумберг за миленијалците, кои, како и многу други генерации пред нив, само што научија една болна лекција за „брза и лесна“ заработка.

Зошто само 2% од Кинезите плаќаат данок на приход?

На сите работи што Кина успева да ги спроведе и исконтролира на своја територија и меѓу свој народ, никако да дојде ред да ги натера луѓето да почнат да плаќаат данок.

Микрософт стана визионерската компанија, а Епл се заглави во еден производ

Неделава Микрософт го премина Епл како највредната компанија на светот (барем на кратко), подвиг кој оди на контото на првиот човек на Микрософт, Сатја Надела, а се припишува на слабостите на Тим Кук.