Од околу 1.200 вработени во маркетинг на Убер, 400 ќе завршат на улица како дел од реконструкцијата на одделот, кој сега ќе треба како знае и умее да се снаоѓа маркетингот да го тера со само 800 вработени.
На крајот од 2018 во Убер се вработени 22.263 луѓе (само вработени, не и возачи на Убер). Што значи дека од нив 5% работеле во маркетинг. Денес, заради отпуштањето оваа бројка е падната на 3,6%.
ЦЕО-то на Убер до вработените испраќа меил во кој ги утешува дека „ние не ги правиме овие промени затоа што маркетингот станал помалку значаен за Убер. Напротив, ние ги правиме овие промени затоа што претставувањето на моќна, обединета и динамична верзија на светот никогаш не ни била поважна.“
Убер годинава излезе на американската берза, и неговото излегување е прогласено за најлошото во историјата на американските берзи, со пад на вредноста на компанијата во првиот ден од 7,62%.
Во првите три месеци од годинава Убер е во минус од 1,01 милијарда долари. Следната недела компанијата треба да ги објави бројките за вторите три месеци.