Од Амазон објаснуваат дека загубата им е заради инвестиции од над 7,4 милијарди евра во нови магацини, седиште и сервиси кои треба да ги опслужуваат европските муштерии. Освен ова Амазон Европа веќе има исплатено 114 милијарди евра за лиценци и тантиеми, дел и на бизниси поврзани со неа.
Тоа со плаќањето лиценци е една од основите за избегнување данок, бидејќи компаниите главно сами на себе си исплаќаат за користење патенти, лиценци, логоа и секакви други причини што можат да ги најдат.
Од компанијата повторуваат дека ги платиле сите даноци што биле должни да ги платат, како и тоа дека во Европа, во својата мрежа, од 2010 имаат инвестирано 55 милијарди долари.
Меѓу трошоците на работа што Амазон ги наведува при неплаќањето даноци, е и делењето акции на вработените како дел од системот на бонуси на компанијата.
Инаку против компанијата веќе има процес во вредност од 250 милиони евра заради „нелегални даночни повластувања“ од Луксембург. Инспирација за ова беше што во 2017 Амазон плати 55 милиони евра данок на приходи од речиси 25 милијарди евра, а во 2016 плати 16,5 милиони евра данок на приходи од 21,6 милијарди евра.