Продажбата на марихуана во Колорадо стана легална во 2014, и до крајот на мај годинава таа ја надмина границата од 6,5 милијарди долари. Годинешните април и мај се најдоходовни за индустријата со просечна продажба од 24 милиони долари.
Од јули 2017 до сега данокот што Колорадо го наплаќа од легалните продавачи на канабис не паднал под 20 милиони долари месечно.
Колорадо моментално има 2.917 лиценцирани бизниси со марихуана.
Моментално 11 американски држави имаат дозволено легална продажба на марихуана. Последна е Илиноис, каде продажбата треба да започне на 1-ви јануари 2020. Гувернерот на Илиноис очекува само од лиценци за производство на марихуана во буџетот да влезат над 170 милиони долари.
Не така успешен пример на легализација на марихуана е Калифорнија каде легалната индустрија не може да се натпреварува со пазарот на црно, заради високи даноци, проблеми со банките (и послаб квалитет). Минатиот месец гувернерот на Калифорнија за 223 милиони долари ги намали очекувањата на буџетски приходи од легална продажба на марихуана.