По ново, тие од самите себе очекуваат дека треба да ги балансираат потребите на потрошувачите, вработените, снабдувачите и локалните заедници.
„Иако секоја од нашите компании служи на сопствена корпоративна цел, ние делиме фундаментална посветеност кон сите. Ние се обврзуваме дека ќе испорачаме вредност за сите нив, за идниот успех на нашите компании, нашите заедници и нашата држава,“ пишува во заедничкото соопштение на Бизнис раундтејбл во кое членуваат ЦЕО-а на компании како Епл, ЈП Чејс Морган, Амазон, Пепси и Генерал Моторс.
Промената на расположението следува по децении во кои платите на обичните вработени речиси и да не мрднуваат, додека платите на ЦЕО кастата редовно руши рекорди. Паралелно со ова, и неколку од главните претенденти за претседателски кандидат на демократите се повеќе вршат притисок со најразлични предлози за намалување на имотната разлика меѓу најбогатиот 1% и остатокот од населението.
Дури и Трамп, кој воведе значителни олеснувања за богатење на најбогатите, како намалување данок и дерегулација, јавно ги прозиваше корпорациите за селење на работните места во странство (Мексико и Кина) и се закани дека ќе преземе поагресивни мерки против фармацевтските компании, заради неконтролираното зголемување на цените на лековите.
„Со оваа изјава, гласот на корпоративна Америка покажа колку многу работите се имаат сменето.
Мило ми е што сега тие препознаваат дека на американскиот народ му е смачено и е уморен од нивната корпоративна алчност која го уништува социјалното ткиво на Америка.
Меѓутоа ова мора да биде многу повеќе од ПиАр егзибиција. Ни треба конкретен план за тоа како тие ќе ги вратат американските работни места од странство, како ќе им платат достојна плата на работниците и добри бенефиции, да престанат да ги напаѓаат синдикатите и да почнат да го плаќаат својот дел од даноците,“ порачува Џудит Сандерс од Аспен институтот за бизнис и општествени програми.
Здружението на ЦЕО-а не објави детали како планира да го спроведе тоа што го вети.
Меѓу забелешките е дека во соопштението никаде не се споменува ограничување на компензацијата на ЦЕО-ата. Според последните пребројувања 100-те најдобро платени ЦЕО во САД заработуваат 254 пати поголема плата од просечната плата на вработен во нивната компанија.
Во исто време, акционерите, сега загрижени дека ќе бидат третирани како обичен народ / вработен, повторуваат дека „работа е на владата, а не на компаниите, да носи одлуки кои се во најдобар интерес за општеството.“