Колку многу ти се состанчи од 0 до 100 долари на час?

Јапонска компанија на своите вработени им објави ценовник за сè што сакаат да прават во работно време, на пример 100 долари од час за користење сала за состаноци, и тоа за состаноци за потребите на компанијата.

Експериментот на Диско корп, производител на опрема за производство на чипови, важи за сите 5.000 вработени, а нивниот ценовник има опфатено речиси сè од тарифа за користење на канцелариското биро и компјутер, до местото каде што го оставаат чадорот во канцеларија.

Освен ова се наплаќа и меѓусекторска и меѓутимска соработка, па тимовите во рамките на компанијата си ја фактурираат целата работа што ја завршиле еден за друг, додека вработените функционираат како човек-стартап кој аплицира за завршување на дневните задачи.

За овие потреби секој оддел има свој буџет, изразен во нивната интерна виртуелна валута „Вил“ (Will), и одредува колкав дел од буџетот ќе оддели за завршување на некоја задача. Членовите на тимот преку апликација надаваат за колку пари ќе ја завршат работата. Според нивните искуства, задачите кои не добиваат ниту една понуда на крај најчесто излегува дека се непотребни.

Во меѓусекторска соработка на пример тимовите за продажба им плаќаат на тимовите фабрички работници за производство на одреден производ, а овие пак им плаќаат на тимовите инженери за дизајнирање на тој производ. Секоја продажба создава одредено количество Вил, кое потоа се распределува меѓу групите.

Во системот се предвидени и казни, на пример за трупање непотребна залиха или за работење доцна. Еден од механизмите кои им стои на располагање на вработените е да му платат на колега да доврши некој извештај, доколку тие имаат некоја приватна работа што треба да ја завршат, или сакаат да минат повеќе време со семејството.

Балансот се порамнува на три месеци кога завршените работи им се исплаќаат на вработените.

Целиот експеримент за сега е крајно успешен за Диско кој моментално има оперативна маржа од 26%, наспроти 16% кога го започна експериментот пред 8 години. Благодарејќи на бонусите, годишните платите на работниците се речиси два пати поголеми од националниот просек од 38,5 илјади евра.

24 јуни 2019 - 15:02