
Бавните Федерални резерви треба да ги намалат каматните стапки, остро порача денеска претседателот Доналд Трамп.
До минатата недела, тој многу потивко ја критикуваше политиката на Централната банка во споредба со својот прв мандат.
Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, не дава знаци дека ќе попушти, иако изрази загриженост од потенцијалниот инфлациски ефект на новите царини.
ФЕД ќе треба да види вистински напредок во однос на инфлацијата или слабост на пазарот на трудот за да ги рестартира намалувањата на каматните стапки, изјави Пауел.
Мандатот на ФЕД вклучува две цели, поттикнување на здрав пазар на труд и одржување на ниска, стабилна инфлација. Последниот извештај од покажа дека пазарот на трудот е далеку од пукање. Во март биле отворени 228.000 работни места во март, а стапката на невработеност беше 4,2%.
Економистите низ Вол стрит имаат мрачни прогнози дека „данокот на увоз“ ќе ја крене стапката на невработеност над 5%.
Мајкл Фероли, главен американски економист во ЏП Морган прогнозира дека ФЕД во јуни ќе почне да ги намалува каматните стапки се додека не стигнат до 3%.
Се стравува дека оваа реакција може да биде задоцнета, ако тарифите на Трамп предизвикаат преголем инфлациски шок.