Шверцот на пари од под перница

На просечен ден француските цариници запленуваат по 300.000 евра од Европејци кои сакаат да прошверцуваат готови пари во земјата. Максимумот дозволен за внесување, без да ти ги запленат, е 10.000 евра.

Во првите три месеци од 2013-та, Французите имаат запленето рекордни 103 милиони долари, од кои најголемиот дел се од маж кој се обидел од Швајцарија да внесе обврзници во износ од 86 милиони долари.

Најголемиот дел од "пациентите" се бизнисмени, меѓутоа има и случаи како со едно 4-члено американско семејство, кое беше уапсено на една железничка станица во близина на швајцарската граница. Кај четворицата, вклучително и децата, беа најдени вкупно 600.000 долари.

Во февруари инспекторите уапсија еден Шпанец на возот меѓу Женева и Париз, кој во себе носеше 1,8 милиони долари во банкноти од по 500 евра.

Во исто време во 2012-та, само на северната граница и на 5-те главни аеродроми во земјата, италијанската финансиска полиција заплени 124 милиони долари. Годинава властите се на добар пат оваа бројка да ја надминат уште кон средина на есента.

Во најголем број од случаите луѓето кои се уапсени со парите се добиваат само парични казни, без никаква опасност од затвор.

Самите цариници се свесни дека огромен број на шверцери успеваат да ги внесат и изнесат парите без да бидат откриени. Едно од објаснувањата за се поголемиот шверц на пари е што се повеќе богати личности од ЕУ и околните земји со финансиски проблеми, се обидуваат да ги избегнат даночните контроли и да ги пренесат своите пари без да бидат некаде заведени.

5 ноември 2013 - 15:04