Најмалата просечна плата во индустријата ја имаат помладите дизајнери задолжени исклучиво за печатени медиуми. Ова "најмала" значи 38.000 долари годишно.
На сосема спротивната страна се ЦДО (Chief Design Officer) чија просечна плата за 2013-та изнесувала 120.000 долари. Нивниот просек е поголем и од платата што ја земаат сопствениците или партнерите во маркетинг агенциите (100.000 долари годишно).
Во последната година најголем пад на плата имаат ASD (Account Services Director) чиј просек е помал за 30 илјади долари (80.000 долари во 2013-та, споредено со 110.000 долари во 2012-та). Додека најголем раст на платата има на позицијата продуцент за печатени медиуми и интернет, кои во 2013-та земаат 30% поголема плата од минатата година (65 илјади во 2013-та, споредено со 45 илјади во 2012-та).
Во речиси сите категории, Сан Франциско предводи како град со највисоки плати во маркетинг индустријата. Зад него во различни ситуации на различни позиции се Лос Анџелес, Њујорк, Босток и Атланта.