Фармацевтската компанија Рош Македонија за првпат претстави нов модел на комуникација со своите соработници и бизнис-партнери. Станува збор за нова бизнис-практика, која на светски рамки е често користена, но сепак за македонските компании непозната. Под мотото „Градиме подобро општество со нашите бизнис-партнери", Рош Македонија, организираше Ден на деловната соработка (Suppliers Day), односно ден посветен на соработниците, на бизнис-партнерите, набавувачите и дистрибутерите. Повеќе од шеесет соработници од различни компании присуствуваа на овој настан, организиран токму за нив.
Целта на настанот беше да се разменат ставови и искуства помеѓу соработниците, да се презентираат стандардите и протоколите на работа на Рош и истите да бидат детално објаснети и јасно утврдени со сите соработници. Ваквиот начин на дружење и комуникација ќе придонесе за подобрување на односот, пораст на обемот на соработка меѓу Рош и неговите набавувачи во иднина, како и подобрување на ефикасноста во целокупната соработка.
Добрите релации со соработниците и набавувачите претставуваат важен темел за успешен развој на секоја компанија. Одржувањето квалитетни односи меѓу бизнис-партнерите, меѓусебното запознавање на основните стандарди и етичките вредности е важно за сите компании кои имаат заедничка соработка. Колку повеќе се унапредуваат меѓусебните односи, толку повеќе квалитетот на соработка ќе се зголемува.
Високите етички стандарди се императив во работата на Рош Македонија. Тие се стандарди кои се имплементираат во целокупното работење на компанијата било да е бизнис операција или соработка со бизнис-партнерите.
„Suppliers Day" беше прв настан од ваков вид организиран не само во Македонија туку и во целиот регион во кој постои компанијата (Источна Европа, Централна Азија и Кавказ). Овој ден беше важен чекор за постигнување успешни, одржливи и долгорочни односи со деловните партнери.
Рош Македонија уште еднаш даде пример до сите македонски компании како треба да комуницираат со своите партнери и соработници, бидејќи само со сериозен деловен пристап, сериозна, напорна и посветена работа се станува лидер во областа во која делувате.
(комерцијален текст)