Сумата што денес компаниите ја поседуваат во кеш пораснала за 81% во споредба со 2006-та. Шампионот, Епл, во готово има 147 милијарди долари. И покрај делењето дивиденда и програмата за откупување на сопствените акции, Епл има околу 9,5% во готовина повеќе отколку лани.
Техничката индустрија го има најголемиот дел од парите во готовина. По Епл, на второ место со 77 милијарди во готово е Микрософт, а по него следуваат Гугл и Циско.
Според проценките на Мудис, најголемиот успех на овие компании во собирањето готовина е во избегнувањето на плаќање данок. Од Мудис пресметале дека околу 61% од корпоративниот кеш (900 милијарди долари) се наоѓа надвор од САД. На крајот од 2012-та сумата беше 840 милијарди.