Во 2012-та ИКЕА имаше рекорден профит од 3,2 милијарди долари, а за годинава дури во јануари ќе објави колку ѝ останале чисти пари. Дел од успехот на компанијата е во фокусирањето на цените.
Според ЦЕО-то на компанијата потребни се 5 години за да се елиминираат сите непотребни трошоци околу еден производ, за тој да може да ја има најниската можна цена.
Новиот концепт за кујни на ИКЕА, Метод кујната, е дело на една група дизајнери од Шведска, чија цел е да се постигне "демократски дизајн," производи кои ќе одговараат без разлика дали домот е во Пекинг или Мадрид.
Конкретниот проект има околу 1.100 различни компоненти, кои мора да бидат осмислени, спакувани, еколошки и лесно преносливи низ цел свет. Како и за другите работи најголем дел од овие 1.100 компоненти ќе бидат произведени од ИКЕА, бидејќи компанијата избегнува купување од надворешни производители за да ги намали трошоците.
Годишно ИКЕА испорачува околу 1 милион кујни, чија почетна цена е околу 3.000 долари.
Освен новите кујни, ИКЕА постојано го тестира пазарот и купувачите за тоа кои елементи од старите модели им се допаѓаат а кои би сакале да се менуваат. По ова, ако е потребно се прави ревизија на секој модел на кујна.