Па така, Фејсбук една од најпрофитабилните интернет компании, со 230 долари во секунда на листата е веднаш пред БлекБери. Пред Фејсбук, со четири пати повеќе пари од нив е Нокиа, компанија која според сликата во медиумите изгледа како само што не пропаднала. Нокиа има приходи од 941 долар во секунда.
На другата страна на листата, во трите компании со најголеми приходи има по една од Јужна Кореја, САД и Кина.
- Трето пласиран со 3.815 долари во секунда (или 228.900 долари во минута) е Фокскон, производителот на телефони за Епл.
- Второ пласиран со 4.540 долари во секунда (или 272.400 долари во минута) е Епл.
- Прво пласиран, со неверојатен просек од 6.486 долари во секунда (или приходи од 389.160 долари за еден минута) е Самсунг.
За споредба, ако Гугл, Фејсбук, Амазон и Микрософт ги собираат парите на едно купче, тие за една секунда пак ќе прават помалку пари од Самсунг.
Ако претпоставиме дека за да го прочитате текстов ви требаат 150 секунди, во тој период Фејсбук ќе направи 34.500 долари, Интел ќе направи 244.200 долари, Гугл ќе направи 280.950 долари, Епл 681.000 долари, а Самсунг 972.900 долари.