Кој со каква економија ќе излезе од оваа белја?

Можеби се чинеше дека пандемијата задава подеднакво жесток удар на сите економии во погодените земји но во овој период се случува битно прераспоредување на економските сили. Европа со години ќе кубури под нивото од пред пандемијата, економијата на САД догодина ќе биде иста но затоа кинеската економија, од кризата ќе излезе поголема.

Од февруари оваа година, ковид пандемијата ѝ зададе удар на глобалната економија најжесток од Втората светска војна. Затворањата, карантините, стрмоглавиот пад на потрошувачката, пореметувањето на трговијата и затворените граници предизвикале ефект еквивалентен на ненадејно исчезнување на 500 милиони работни места.

Но, опоравувањето од кризата ќе биде проследено со зголемени јазови меѓу економиите. Според проценки на ОЕЦД, американската економија догодина ќе биде иста каква што била во 2019, европската неколку години ќе остане под нивото од пред пандемијата, но затоа, на крајот на 2021 година, кинеската ќе биде 10% поголема. А не дека различно темпо ќе има само во блокот најсилни: разликите меѓу 50 економии во светот ќе бидат најголеми во последните 40 години.

Варијациите се  резултат на разликите меѓу земјите, меѓу кои најважно е ширењето на болеста. Кина ја сопре додека Европа и САД допрва го преживуваат ударот на вториот бран. Минатата недела Париз ги затвори баровите, Мадрид прогласи делумен локдаун но по кинеските шанкови наголемо се пијат шотови.

Друга разлика се структурите на економиите. Фабрики полесно се водат по правила на социјално дистанцирање отколку бизнисите на сервиси и услужни дејности. А мануфактурата има најголем удел во кинеската економија од која било друга голема економија на светот. Третиот фактор се интервенциите, при што САД инјектираше поголеми стимулации од Европа: потрошија 12% од својот БДП а краторочните камати ги намалиле за 1,5 процентни поени. 

Најголем лузер ќе биде Европа, проценува Економист.

30 ноември 2020 - 20:26