Агенцијата за јавни приходи пријави пад на бројот на своите вработени во 2018 заради што не може да го исполни таргетот од 12.000 вработени. Проблемот делумно се должи на тоа што погодните кандидати ја одбиваат понудата за работа главно заради платата што им се нуди.
Проблемот стигнува и до Европската комисија, која како и секој богат родител решава на своето дете кое одеднаш покажало интерес за нешто што претходно било незамисливо, да му помогне со екстра пари. Па во извештајот од ЕК се порачува дека овозможувањето на поголеми плати за бирократите од Агенцијата „е клучно за привлекување на квалификуван кадар“.
„Причините некомплетирањето вклучуваат пролонгирања на процесот за регрутирање на даночни и царински работници и поголема стапка на заминувања од очекувањето (главно заради пензионирање), но исто така и релативно висока стапка на одбивање на понудите за вработување од страна на успешните кандидати,“ се наведува во текстот на Европската комисија.
Ако Агенцијата не го забрза ангажирањето нови вработени, дефицитот на вработени само ќе се зголеми годинава кога е планирано бројот на вработени да се качи на 12.500 луѓе.
Од друга страна и покрај недоволниот број вработени се очекува дека агенцијата ќе исполни 9 од 11-те клучни метрики. Во 2017 беа исполнети само 4.
Токму подобрата работа на агенцијата е едно од објаснувањата зошто Грција успева 4-та година по ред да го надмине примарниот таргет за буџетот.
Некаде во најлошото од грчката криза десетици германски даночни службеници волонитраа да одат во Грција и да и помогнат на земјата во собирањето данок.
Следниот месец Грција чека да и биде удоволено уште едно барање за олеснување на долгот кон странците. Во средата кредиторите на Грција објавија список од 16 реформи кои се чекаат земјата да ги заврши „иако на нив е постигнат значителен напредок“. Рокот за завршување на реформите е 11 март, ако до тогаш не биде готово европските министри за финансии се очекува дека ќе го одложат пакетот за олеснување на Грција.
Иако Грција летово објави крај на меѓународниот пакет за спас на земјата, таа и понатаму треба да прави реформи во клучни сектори во замена за 6-месечни пакети помош од 1 милијарда евра. И така се до средината 2022.