Таг: владимир путин

Што стварно сака Путин?

Рускиот претседател успеа да убеди голем број од Американците дека е манипулативен гениј, а всушност тој е само коцкар на кој му се падна голема премија, пишува Џулија Иофи во текстот за Атлантик.

Овој мит за големиот и ужасен Путин

А што ако грешиме за Владимир Путин? Ако деновиве го следиш американското покривање на рускиот претседател, ќе помислиш дека тој е 3 метри висок куклар кој само треба да ги мрдне конците за неговата хакерска армија во Кремљ да ги натера заљубените во демократија Американци да се тресат над своите ајфони, дома незапирлив џин подготвен да ги предизвика САД на голем број фронтови во странство, пишува Сузан Гласер во текстот за Политико.

Зошто не можеш демократите сериозно да ги сфатиш околу Русија

Како што објаснува магазинот Политико, тие се во право околу заканата што Путин ја претставува за американската демократија. Ама грешат за речиси сè останато.

На западните шпиони им се темни што Трамп треба да се види со Путин

Расипан телефон низата по која доаѓа информацијата е Москва > европско разузнавање > американски експерти > американски медиуми, а исходот е: Дејли бист пренесува дека американски експерт им пренел тврдење од европски функционери дека Москва очекува нивниот лидер да истресе купишта доверливи информации од Трамп.

Тренинзите на Путин

За време на интервјуата со Оливер Стоун за 4-часовниот документарец, 64-годишниот руски претседател меѓу другото објаснува дека вежба 7 дена во неделата.

The Putin Interviews (прв трејлер)

Серија од четири интервјуа на Оливер Стоун со Владимир Путин. Премиера, 12-ти јуни.

Неколку работи по американското бомбардирање на Сирија

По наредба на американскиот претседател, и без никаква дозвола или одобрување од О.Н., два американски воени брода во источниот Медитеран - УСС Портер и УСС Рос - испукаа 60 крстосувачки ракети на Сирија, конкретно на воздушната база Шајрат, затоа што Трамп одлучил дека тоа е во согласност "со виталните американски национални безбедносни интереси".

Фотографијава стана нелегална во Русија

Русија забрани објавување и споделување фотографии од Путин како геј кловн (меѓу останатите работи што ги забрани), и ова е посебен проблем за медиумите кои заради забраната сега немаат како да покажат која слика е забранета за прикажување.

Пријателството од Истокот што ја вознемирува ЕУ

Турците прво соборија воен авион на Русија, при што загина рускиот пилот, потоа припадник на турските безбедносни структури од грб го уби рускиот амбасадор во Анкара, во меѓувреме во Сирија Русите се најголем поддржувач на главниот турски непријател Башар ал Асад. Резултат на сето ова е - руско-турските односи се посилни од кога било до сега. И ова е сериозен проблем во матрицата, барем за Западот.

Како Финска успева да ѝ пркоси на информативната војна на Русија

Периодов европските разузнавачки агенции од Франција, Германија и Холандија, па до Чешка, кај стигнат алармираат за опасноста од Русија, која сега е олицетворена во пропаганда и дезинформации. Во исто време наспроти овие светски сили е Финска, која некако успеа да изгради имунитет на руската пропаганда, и покрај тоа што е на „првата линија на фронтот“.

Генијалец, шпион, убиец... Седум митови за Путин

Списокот обвиненија против Путин почнуваат од задушување на секаква здрава опозиција на домашен терен и напори за растурање на ЕУ, до монтирање и помагање на конзервативно десната те влада те опозиција низ Европа и вселување на Доналд Трамп во Белата куќа.

Не е важна оставката на Флин, важно е кој му кажал да се чуе со Русите

Мајкл Флин е американскиот генерал со три ѕвезди што пред неколку дена беше сменет од позицијата советник за национална безбедност на Трамп поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон. Според магазинот Политико, американски генерал не се слуша по своја волја со руски амбасадор.

Импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја?

Таман се навикнавме на идејата за необразованиот сиромашен американски белец и неговата неинформираност, кои доведоа до изборот на Трамп и слични глобални зла, и ќе ти излезе образована, богата, повеќекратна конгресменка, црнкиња, и ќе ти каже - треба импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја.

Зошто европската десница е навлечена на Путин

Иако не станува збор за безрезервна љубов, ама на теми како имиграција, економска и политичка интеграција (ЕУ), муслимански радикализам, и противење на култура на либерализам и секуларизација, Путин речиси низ целата десница на ЕУ повеќе е доживеан како сојузник, отколку како закана.

Кога и во добро ќе ти текне на Путин

Не е редот да го спомнуваш Путин само кога ти е зорт, треба и празник да се честита, па макар вие биле само неколку луѓе, со Пунто и хармоника сред шума во Србија.

Путин до американските демократи: Упристојте се малку

Пораката од годишната конференција на Путин со околу 1.400 новинари беше: 1. разберете дека ви се немаме мешано во изборите, 2. цело време верувавме дека он ќе победи.

Зошто гневната бела Америка падна на Путин?

Она што Американците го водат како - Русија се мешаше и ги намести изборите за Трамп, во пракса е обвинување дека руски хакери нелегално стекнале доверливи информации од мејловите на демократите, па им ги дале на медиуми да ги објават. Проблемот е што како никогаш до сега ова не им пречи на дел од Американците, посебно на оној дел што гласаше за Трамп.

Немоќта на европските медиуми пред руската "пропаганда"

Деполитизираното новинарство, на кое долго и одлучно инсистираше Европската унија, вградувајќи ја во своите темелни статути директната забрана за јавно финансирање на мнозинството медиуми, се покажа како неспособно да се одбрани пред новинарство какво што преферира да финансира рускиот претседател Владимир Путин.

Кога паѓаат генерали и министри

Една од ретките работи околу кои се согласуваат Путин и остатокот од меѓународната заедница е дека Русија има проблем со системска корупција. Во 2012, пред избори тој вети крупни државни реформи против корупцијата. На година и пол пред следните претседателски избори, Путин почна со ловот на „крупен дивеч“.

Путин до САД: Олабавете ме и гледајте што ви се случува на избори

Американските политичари само создаваат хистерија околу "митската руска закана" како маневар да се оттргне вниманието на гласачите од вистинските проблеми за време на американските избори, изјави Путин на средбата со руските експерти за надворешни работи.

Како Путин го натерал Венгер да плати двојно повеќе за Аршавин

Влијанието на рускиот претседател Владимир Путин лежи зад приказната со трансферот на Аршавин во Арсенал кој за Русинот морал да плати 15 милиони фунти, двојно повеќе отколку што бил спремен да плати.

Приватната средба меѓу Путин и британски студенти

Иако уште се нема сретнато со новата британска премиерка, Путин најде време за два часа да седи и да разговара со 11 студенти од едно од најскапите и најстари британски училишта, Етон колеџ.

Путин жали за суспензијата на руските паралимпијци

Претседателот на Русија на приемот на руските олимпијци од Рио изјави дека одлуката за забрана за учество на руските паралимпијци во Рио е неморална и цинична. Целата руска паралимписка селекција на 7. август беше суспендирана од Меѓународниот паралимписки комитет поради свесна поврзаност на државата во допинг програмот.