Тренинзите на Путин

За време на интервјуата со Оливер Стоун за 4-часовниот документарец, 64-годишниот руски претседател меѓу другото објаснува дека вежба 7 дена во неделата.

Путин објаснува дека секое сабајле вежба со тегови плус кардио, по што оди на пливање. "Сосема е нормално" му изјавува на збунетиот Стоун, кој е негов соговорник во период од 2015 до 2017.

Наспроти претходните тврдења дека за време на пливањето тој размислува за работата и Русија, Путин објаснува дека додека во водата не се случува ништо важно "секакви глупости ми паѓаат на памет".

Рускиот претседател изјавува дека почнал да вежба џудо на 13-14 години и од тогаш нема престанато. Разликата е што сега веќе не вежба со тренер, затоа што тоа го прави чисто заради рекреација, "а тренери им се потребни на луѓе што се подготвуваат за натпреварување".

На 60 години тој почнува и со играње хокеј. Неговата единствена изјава околу отпуштањето на Коми од страна на Трамп беше дадена во хокеарска опрема, по што влезе на теренот и одигра егзибициски натпревар со поранешни Олимпијци. Во документарецот тој тврди дека пред натпреварите инсистира другите хокеари да не го штедат.

Сите четири дела од Интервјуата со Путин, беа емитувани од 12 до 15 јуни:

 

19 јуни 2017 - 10:45