Минатата недела сликата беше наведена на владината листа на работи кои претставуваат екстремизам:
Ставка 4071: слика од човек налик Путин "со нашминкани очи и усни" дополнета со имплицитни анти-геј зборови имплицирајќи ја "наводната нестандардна сексуална ориентација на претседателот на Руската федерација".
Фотографијата доби на популарност во 2013, откако Русија го изгласа законот кој забранува пропагирање на деца за "нетрадиционални сексуални односи". Како што властите продолжија со битката околу сексуалните слободи, така се ширеше и геј Путин мемето.
Портпаролот на Кремљ за Тасс изјавил дека ја нема видено Путин како геј кловн фотографијата, ама дека е сигурен дека таа не му пречи на претседателот.