Таг: видео

Научете оро за истерување на „чумата“

Неодамна почнавме со објавување видео туторијали изработени од студентите на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ. Првото беше за учење пајдушко, второто за фаќање 7/8 ритам на дајре.

Студентите по етнологија и антропологија за #седидома

Сте оделе на свадби на кои не сте можеле да се приклучите на пајдушко? Не знаете како се држи 7/8 такт? Еве ви шанса да научите.

„Ќе преживеам“: професорска верзија во време на коронавирус

Насекаде низ светот, па и кај нас, очајните времиња подразбираат очајни мерки. На пример држење настава онлајн, дури и за оние кои никогаш тоа не го пробале, ниту пак го сакаат.

Афронаути: заборавената вселенска програма на Замбија

Трката за тоа кој прв и кој подалеку ќе стигне во вселената од 1960-тите вклучувала двајца главни играчи: САД и СССР. Но имало и помали, ама пркосни. Еден од нив требало да биде Замбија.

Приказната за Наполеон Хил, основач на жанрот „самопомош“ и измамник

Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.

120 години од раѓањето на Курт Вајл

Во Десау, родниот град на Вајл, од 28 февруари до 15 март се одвива фестивал посветен на творештвото на овој германски композитор. Мотото на овогодишното издание, 28-мо по ред, е „Што се границите?“. Тоа упатува на присилната емиграција на Вајл од Германија во 1933, но и на иновативноста на неговите дела.

19-годишниот Ерл Кејв глуми во два нови филма

По семејната трагедија Ерл забрзано созреал. И одлучил од неа да направи нешто убаво.

Антропоморфизам и наука: Дали природата дејствува „намерно“?

Придавањето човечки карактеристики на други живи суштества е токму човечка карактеристика. Но кога истата наместо во басни и анимирани филмови ќе се појави во наука, тоа може да создаде погрешни претстави за природните закономерности.

Матриксот на Ајзенхауер: системот за планирање на американскиот претседател

„Она што е важно ретко е итно, а она што е итно ретко е важно“, има изјавено Двајт Д. Ајзенхауер, 34-тиот претседател на САД. Да научиме нешто од него.

Ретко пијано од 200.000 евра (со четири педали) уништено при селење

Има различни љубови, кон луѓе, животни, предмети. Љубовта на музичарот кон својот инструмент спаѓа во големите. Па така и тагата кога тој насилно ќе замине во рајот на инструментите.

Koга Вернер Херцог му го спаси животот на Хоакин Феникс

Звучи како урбана легенда, но не само што ја има на Википедија страницата на оскаровецот, туку ја потврдил и самиот Херцог. Сепак, надреално.

Kaко е сниман 1917, филмот кој (најверојатно) ќе го добие Оскарот

Епскиот филм на Сем Мендез е потресна приказна за ужасите на Првата светска војна. А својот ефект го постигнува пред сè со специфичната кинематографија.

Илон Маск издаде сингл со електро-денс музика

Песната се вика Don't Doubt ur Vibe, излезе на Саундклауд, и според дел од критиките, звучи како просечна денс нумера која успева да се сомнева во сопствениот вајб. Ама во сето ова има и една добра околност.

Тери Џонс: „Уште како дете сфатив дека комедијата е опасна работа“

По смртта на 77 години на човекот кој според многумина беше душата на Монти Пајтон, негово интервју од 2014, кое до сега се нема појавено онлајн.

Зурла на срамот: инструментот за посрамување на лошите музичари

Нам ни личи на зурла, иако англискиот термин е „флејта“ (flute) на срамот. Во средниот век служела за казнување на луѓе што го нарушуваат јавниот ред и мир. Пред сè на лоши и неталентирани музичари.

„Космос“, или играниот филм направен без пари

Сигурно не е најдобриот филм што некогаш сте го гледале. Но иако е од жанр кој си бара пари за да биде убедлив, тоа што е направен со лични и мали средства на авторите не му одзема од квалитетот. Напротив, така станува добра лекција за тоа како инаетот и тимската работа можат да победат.

97-годишниот филозоф кој се премисли за смртта

20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.

37°C - заборавениот прогресивен (и визионерски) рок бенд од поранешна Југославија

Новогодишен подарок од домашните ни ги отвори очите (всушност, ушите) за албум снимен далечната 1979. На него има прогресивен рок, амбиентални мелодии и глас на две пејачки кои тогаш биле во подем - историја на една култура, од која и ние некогаш бевме дел.

Во 2020 ќе биде објавен нов материјал на Боуви

По смртта на големи (а и не толку големи) ѕвезди, стапува на сила бизнис пракса позната како „молзење на кравата“ - издавање нов (или не толку нов) материјал, понекогаш и со сомнителен квалитет, само колку нешто да се продава. Ама за ова не се буниме.

Почина Џон Балдесари, „кумот“ на концептуалната уметност

Поживеа 88 години, од кои повеќе од 50 правеше инсталации од случајно најдени предмети, колажи кои комбинираат текст и фотографии, и генерално си играше со различни медиуми. До крајот на животот се држеше до своето мото - да не прави здодевна уметност.

Ракуго или јапонската традиција на „седечка“ комедија

Обратно од стенд-ап комичарите, јапонските традиционални мајстори на раскажувањето седат на сцена, користејќи само хартиена лепеза и шамивче. Странците ракуго раскажувачи се многу ретки, а еден од нив е канадски актер и продуцент.

Анти-слем: натпревари во кој победува најлошиот поет

Да си поет, тоа некако подразбира дека треба да се земаш себеси сериозно, само затоа што знаеш да ракуваш со пар стилски фигури и да стискаш ентери. Или барем така би рекле хејтерите, кои на овие натпревари на лоша поезија се повеќе од добредојдени.

Пијанистот кој научил да свири на хартиено пијано

Што се случува ако имаш голема желба да свириш на некој инструмент, но твоите немаат пари да ти го купат? За еден 11-годишен Британец одговорот бил едноставен - го правиш од хартија, и потоа многу, многу вежбаш.

Мундог или слепиот авангарден композитор

Луис Томас Хардин, попознат како Мундог, бил американски музичар, композитор и изумител на неколку музички инструменти. Бил слеп од 16-годишна возраст. Живеел во Њујорк од 1940-тите до 1970-тите, и во тој период често стоел на 6-тата авенија, носејќи наметка и шлем. Го нарекувале „Викингот од 6-тата авенија“, иако многумина кои го среќавале не ни знаеле за неговата музичка кариера.