Анџела Хјуит (61) е канадска пијанистка, најпозната по својот циклус на интерпретации на Бах чие снимање го започнала во 1994 а го завршила во 2005, вклучувајќи ги сите главни дела за клавијатури на овој композитор. Од 2002 таа свири на пијано од италијанската марка Фациоли, и тоа на укинатен модел F278.
Неодамна, само што завршила со снимање на Бетовенова варијација за пијано, тој при селење паднал од количката на која работниците се обидувале да го качат. Притоа капакот му се скршил на половина, но пострашно е што истовремено се скршила железната рамка. Со оглед на вредноста на инструментот кој се проценува на најмалку 200.000 евра, на помош дошол дури и сопственикот на фабриката, самиот Паоло Фациоли, но за жал неговата пресуда била дека пијаното е „капут“.
„Го обожував ова пијано. Тој беше мојот најдобар пријател, ми даваше можност да изразам сè што сакав“, изјавила пијанистката, додавајќи дека се надева дека тоа сега е во „рајот за инструменти“.
Уникатноста на пијаното се должело на тоа што има четири педали (наместо вообичаените две или поретко три). Доволно е сложено да се сфати што прават трите педали, но ако ве интересира, еве видео за таа, четвртата: