Третото во серијата туторијали е за оро кое се вика „престапничко“, а е вклучено во репертоарот на нашите културно-уметнички ансамбли во склоп на поголема кореографија, „Истерување на чумата“. Орото се изведувало обредно, во периоди на големи кризи за заедницата, во вид на болести, суша или друг вид непогода.
„Чума“ не е име на конкретната болест, црната смрт, туку општо назив за сите епидемии (кои можеле да бидат колера, тифус или некоја друга болест). Орото значи не се изведувало за забава, туку со магиска цел - истерување на злото. Затоа и во кореографијата се користат дрвени стапови, лажици, за удирање и правење врева, од која злото се плаши.
Името „престапничко“ може има врска со некаков престап, односно премин кон подобри времиња. А можеби со одредени синкопи („престапи“ во ритамот) кои се јавуваат во чекорите. Карактеристично е за источна и јужна Македонија, а негови изведби имаат неколку наши друштва, како Дримкол од Вевчани, Орце Николов и Танец.
Бидејќи станува збор за индивидуален танц, а не таков за кој е неопходно држење за раце со други, секој по дома може да го прави, а пак да „фати“. Значи, на знак, спремни! Оди си, чумо!
Изведбата на Танец (целата кореографија за „Истерување на чумата“, орото се појавува во шестата минута)
Претходно: туторијал за играње пајдушко
за чукање на дајре