Првото појавување на Ерл на екран беше во документарецот “20.000 денови на Земјата“ од 2014: тој и неговиот близнак, Артур, седати на тросед во школска униформа заедно со татко им Ник. Тројцата јадат пица и го гледаат „Скарфејс“. Децата тогаш имаат по 13 години и нивниот живот делува совршен. По помалку од две години сето тоа се менува. Артур умира по пад од карпа, најверојатно под дејство на ЛСД, a семејството е скршено.
Ерл, кој сега има 19, изгледа нежно со долгата коса и големите очи. Во март ќе се појави повторно на филм, но овој пат во два играни. Првиот се вика „Вистинската приказна на бандата на Кели“, крвава акција која се случува во Австралија во 19 век а се однесува на озлогласениот Нед Кели. Вториот е „Денови на летото во Багнолд“ и претставува адаптација на графичка новела за здодевниот живот во Бромли, Кент, Британија.
Претходна улога на Ерл, како откачен продавач на бензинска станица во серијата „Крајот на е*ениот свет“ (фото горе) му донесе голем број обожаватели, фан видеа и „мемиња“. Во филмот за Нед Кели, тој ќе го игра неговиот брат, а филмот е панкерски спин на приказната за одметникот. За потребите на филмот режисерот Џастин Курцел го натерал дури и да направи бенд (во кој Ерл свири бас), и да ја напише музиката за филмот.
Семејната трагедија оставила голем печат и врз него и врз семејниот живот. Тој забрзано созреал, а неговите родители се обиделе да си помогнат со работа и поврзување со нивните фанови. „Сакам да направам нешто убаво од нешто трагично“, вели сега Ерл. Премиерата на филмовите во кои тој глуми ќе биде на 28 февруари, односно на 4 март.
Tрејлер за „Вистинската приказна за бандата на Кели“