Таг: видео

Нов албум со досега неиздадени песни на Џеф Бакли

„Јас и ти" ги содржи првите снимени сесии за Колумбија рекордс на прерано заминатиот музичар. Како и со сите други изданија на тн. „загубен" материјал и ова остава доза на скепса - дали ваквото постхумно издавање ни кажува нешто ново? Дали неговата репутација може да биде загрозена од второкласен материјал? Кога е во прашање Бакли ништо од ова не ни е важно.

Македонски хип-хоп документарец на Синедејс

Утре (понеделник, 16.11) во 21 часот во кино Фросина ќе видите една можна приказна за македонскиот хипхоп - ако сте дел од таа сцена ќе ги препознаете луѓето, музиката и стиховите. Ако не сте, ќе научите нешто за една урбана субкултура, чија иднина во градов ни изгледа сигурна. Плус, влезот е бесплатен.

Музиката од „Синема парадизо" со различни инструменти

Италијанскиот филм од 1988 кој на времето доби Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје веројатно сте го гледале, а можеби сте пророниле и некоја солза. Трогателниот ефект во голема мерка го прави музиката на Мориконе постариот (Енио) и помладиот (Андреа).

Трагедијата на Џејмс Бонд

007 би требало да биде херој и модел за градење карактер во реалниот живот. Но да беше вистински, два пати ќе размислевте пред да го запознаете со роднините и пријателите.

Затвореникот кој беше помилуван затоа што молеше да биде егзекутиран

По 20 години минати зад решетки, чекајќи ја смртната пресуда а тврдејќи дека е невин, Ник Јарис веќе не можел да издржи - побарал да заврши на електрична столица. Му испратил елоквентно писмо на судијата на кое работел со години, и овој се заинтересирал за неговиот случај.

Како го отпишаа авторот на „Отпишани"

Музиката од шпицата и ликовите на Тихи, Прле и Марија се длабоко врежани во спомените на оние кои на времето ја гледаа црно-белата серија, во која супер-хероите беа скоевци во окупираниот Белград. Ретко кој знае кој е автор на серијата, односно на книгата врз основа на која е правена таа.

Комедијата за Хитлер прави р’шум низ германските кино сали

Филмот во стил на Борат за враќањето на Хитлер во современото германско општество е хит во некогашната татковина на нацизмот. Дали од ова може и треба да се извлечат некакви културолошки заклучоци?

„Крајот на турнејата" (2015)

Оние кои со нетрпение очекуваа филм за писателот кого во некролозите по неговото самоубиство го нарекуваа „виртуоз", „граматички гение" и „манично љубопитен" ќе останат разочарани. Оние неоптoварените од ликот и делото на Валас во овој филм (можеби) ќе видат слаба варијанта на приказната за Салиери и Моцарт. Ние сме од првите.

Гитара со триста чуда на неа

На сајтот на NPR често наидуваме на нам непозната, но многу интересна, често експериментална музика. Еве еден таков пример на Италијанец кој од неговата гитара има направено монструм.

Маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата“ со 66 актери

Хомеровите епови често се нарекуваат темели на западната книжевност. Но ретко кој самиот седнал да ги прочита илјадниците стихови без да му здосади.

Сте чуле ли за „филк" музика?

Во најновата епизода на Big Bang Theory, Раџ и Хауард направија бенд и почнаа да настапуваат со нивните „филк" песни (folk+sci-fi). Мислевме дека ова е само уште една супер измислица на серијата. Ама..

Талент шоу во кое учесниците диригираат со Симфониски оркестар

Познати личности се натпреваруваат во диригирање со големиот оркестар на ХРТ, за „гледачите да се воведат во прекрасниот свет на класичната музика". Каква бизарна идеја!

Фотографии кои ја отсликуваат нашата зависност од мобилните

Има луѓе кои го проверуваат својот мобилен исто толку често колку што трепкаат или дишат, како тоа да им станало дел од нивниот дневен физиолошки процес, без кој едноставно би ги снемало. За оние кај кои останало барем малку самосвест, еве фотографии од тоа во што можат да се претворат, дур не е доцна.

Девојката што го пее Мајкл Џексон на древниот јазик на Инките

14-годишната Рената Флорес се обидува да го смени стереотипното сфаќање за куечуанскиот како јазик на ниските слоеви, кој нејзините сограѓани се срамат да го зборуваат. 

Зошто само „мама" и „тато" звучат толку слично во различни јазици?

Земете кој и да е збор во некој јазик и споредете го со таков со исто значење во друг јазик. Веројатноста дека тој ќе звучи сосема различно е голема. Куче може да биде dog (англиски), chien (француски), qen (албански), inu (јапонски). Но има некои зборови кои покажуваат речиси универзална сличност.

„Мојата вечера со Андре" (1981)

Колку може да биде интересна драма во која нема ништо друго освен двајца што седат на маса, и скоро два саата само дрндаат? Многу, многу.

Најдобриот бенд за музичка придружба на неми филмови

Иако звучат како да се повеќе луѓе, Алој Оркестра се состои од тројца музичари кои во живо свират во позадина на неми филмови. Утре (недела) тие ќе настапат во киното Тушканац во Загреб, како музичка придружба на ремек-делото на Џига Вертов, „Човекот со филмска камера". Некој да ги донесе и во Скопје?

„Зборовите поевтинија - ни треба нов јазик!"

Дали е можен „учен активизам" и кои се опасностите од негово сведување само на учество на протести? Како системот ги „вшмукува" и припитомува поединците? Дали интелектуалците треба се вмешаат „меѓу народот", или прво треба да се замислат колку и самите придонеле за инфлација и злоупотреба на термините со кои се служат? Сето ова во интервјуто кое следи.

Уметникот што гриза

Медиумот на Тони Орико е хартијата, а уметничката алатка - неговите сопствени заби. Освен тоа дека има јак загриз, дознаваме и дека не го мрзи 8 часа медитативно да џвака голем хамер.

Кога Салман Ружди го рецитира Дрејк

Кој рече дека славните писатели не можат да се восхитуваат на стихови на рапери? Еве еден од нив, кој иако вообичаено знае да биде зајадлив, си се пронајде, и го пофали она што го прочита од опусот на негов колега по перо. Го замисливме Блаже натеран да чита стихови од Слаткаристика. 

Новиот филм на Земекис за човекот на жица

„Патот до славата" (The Walk) е нов, игран филм за подвигот на Филип Петит, кој во 1974 се прошета на жица оптегната помеѓу покривите на двете кули-близначки во Њујорк. Сега кога нив ги нема, овој настан не се толкува само како луда акробација, туку има и поголемо симболичко значење.

Каубоец во Шведска

Бартон Ли Хејзлвуд (1929-2007) бил американски кантри и поп пејач, најпознат по неговата соработка со Ненси Синатра и Дин Мартин, но и по стил на музицирање кој бил опишуван како „кантри психоделија" или „сахарински андерграунд". Eдно време решил да се пресели во Шведска. 

Како преживеа каталонскиот?

Колку и да звучи чудно, забраната за користење некој јазик може да помогне тој да биде зачуван. Еден таков пример е романски јазик кој се зборува во Шпанија, Андора, дел од Франција и Италија, а кој на матичната територија долго и систематски бил потиснуван од шпанскиот.