Таг: сер алекс фергусон

Пет работи кои не ги знаевте за Алекс Фергусон

Автобиографијата на Алекс Фергусон е веќе преведена и на македонски јазик, но за оние кои ги мрзи да читаат, издвоивме пет работи кои најверојатно не ги знаевте за Сер Алекс.

Проклетството на помошниците на Фергусон

Во текот на својата долга и трофејна кариера, Алекс Фергусон имаше голем број помошници, но ниту еден од нив не успеа да излезе од сенката на својот шеф и да направи успешна кариера како главен тренер.

Царевите од Paddy Power со нов сеир

За царевите од маркетинг одделот на Paddy Power имаме пишувано и претходно (линк 1, линк 2 и линк 3), а викендов тие повторно си направија добра реклама со тролање на Манчестер Јунајтед и нивните навивачи.

Илјадарката на Венгер и Фергусон

Долгогодишниот стратег на Арсенал одбележува јубилеј на тренерската функција кој го прави малку поуспешен од неговиот ривал.

Зад успехот на Фергусон се крие ќотек со каиш

Алекс Фергусон ја откри неговата најголема тајна. За неговиот успех е заслужна учителката од основно која често го тепала со каиш.

Некои моменти од англискиот фудбал

Не се работи за рекапитулација на Премиер лигата за 2013 година, туку за различни ситуации, изјави и одлуки кои ги издвои Еуроспорт за изминатава година.

Фергусон, Мојс и Венгер на пазар

Ова не е почеток на виц, туку само фото сторија од промотивната кампања на Националниот фудбалски музеј со (лоши) двојници на славните тренери кои ги изненадија посетителите на еден Божиќен панаѓур во Манчестер.

Фергусон заплашувал фудбалери со сабја

Сер Алекс Фергусон е познат по својот темперамент и не многу пријатниот третман кон фудбалерите кои не ги исполнувале неговите очекувања, а еден негов поранешен ученик откри уште еден начин на кој тој им држел лекции на играчите.

Ериксон: Фергусон ми правеше притисоци на телефон во 7 часот наутро

Искусниот шведски стратег кој смени 12 тренерски клупи и неколку швалерки, има многу раскажани пикантерии во својата книга „My Story". Дел од нив се проблемите кои ги имал со легендарниот Ферги на кој требал да му биде наследник.

Сер Алекс си доби улица

Една улица во градот Манчестер од вчера го носи името на легендарниот шкотски тренер.

Мурињо плачел за клупата на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Челси, Жозе Мурињо потајно сонувал за фотељата на Манчестер Јунајтед и бил до толку разочаран што Алекс Фергусон му дал предност на Дејвид Мојс, што дури пуштил и солзи.

Тајните на Сер Алекс

Алекс Фергусон повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, но неговата сенка продолжува да се простира над Олд Трафорд и над целиот фудбалски свет. Легендарниот Шкотланѓанец ги откри тајните на неговиот менаџерски поход до 38 трофеи.

Како Мојс стана тренер на Манчестер Јунајтед

Дејвид Мојс го откри текот на настаните и деталите за начинот на кој тој стана менаџер на англискиот шампион и начинот на кој Алекс Фергусон му соопштил дека токму тој е неговиот наследник.

Историскиот папир на Фергусон ќе добие нов сопственик

По пензионирањето на легендарниот Ферги, весникот „Метро" објави дека мастиката која ја џвакаше Шкотланѓанецот на последниот меч била продадена за 400 илјади фунти. Сега на аукција ќе се продаваат еден од двата историски листови хартија за кои впрочем беше најавено.

Првиот и последниот меч на Фергусон

Британскиот весник „Метро" неодамна тврдеше дека последната мастика на Алекс Фергусон кој ја џвакаше на спектакуларното реми против Вест Хем била продадена за речиси 400 илјади фунти. Сега на аукција се продаваат уште две работи поврзани со легендарниот тренер.

Големите тренерски промени

Мурињо, Фергусон, Манчини, Бенитез, Гвардиола. Долгиот летен преоден рок е пред нас, а веќе на европската фудбалска сцена се случија еден куп промени на "жешките" тренерски столчиња и тоа во дел од најголемите гиганти во фудбалот.

Кој сака да ја купи мастиката на Ферги?

Алекс Фергусон замина во историјата, а со тоа ќе ни биде скратено и задоволството да го гледаме неговото познато џвакање на мастика. Но еден „среќен" купувач може да ја поседува неговата последна мастика.

Фергусон кога Манчестер ќе прими гол

Освен по успесите, легендата Алекс Фергусон ќе остане запаметен по неговото константно проверување на часовникот, како и џвакањето на мастика. Еве една таква негова препознатлива ситуација.

Пензионирањето на Ферги стигна до 5000 фунти

Навивачите на Вест Бромвич Албион очигледно дека го загубија осетот со парите. Вчерашните цени за последниот натпревар на Фергсуон од 3000 фунти веќе не важат, затоа што во препродажба, денеска се појавија нови суми кои не се забележани на црниот пазар ниту за едно финале од Лига на шампиони.

Наследникот на Фергусон е најдобриот тренер без трофеј

Во изминативе неколку денови се изначитавме и слушнавме безброј коментари за новиот тренер на Манчестер Јунајтед, посебно за неговиот празен плакар за трофеи, но недостигот на пехари не значи и дека тој е неуспешен. Дејвид Мојс е најдобрата замена за Алекс Фергусон.

Манчестер Јунајтед го назначи Мојс за нов тренер

Започнува новата ера во Манчестер Јунајтед. Само еден ден по објавата на легендарниот Сер Алекс Фергусон за неговото пензионирање, 20-кратниот шампион на Англија потпиша 6-годишен договор со досегашниот тренер на Евертон, Дејвид Мојс.

Времето на Ферги трае 79 секунди

Покрај сите оние трофеи за 27 години на клупата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ќе остане запаметен по уште една работа. Тоа се дополнителните минути на секој натпревар, односно "Fergie time", време за кое фудбалерите на Јунајтед секогаш постигнуваат гол кога им е потребен.

Еден е Ферги

Алекс Фергусон во соблекувалната за време на полувремето од финалето на Лигата на шампиони во 1999-та година при водство на Баерн од 1:0:
На крајот, пехарот ќе биде на 2 метри од вас и вие нема да можете да го допрете ако изгубиме. За многумина од вас, тоа ќе биде најблиску што може да биде вашата кариера. Не се осмелувајте да се вратите тука без да дадете се од себе!"