Првиот и последниот меч на Фергусон

Британскиот весник „Метро" неодамна тврдеше дека последната мастика на Алекс Фергусон кој ја џвакаше на спектакуларното реми против Вест Хем била продадена за речиси 400 илјади фунти. Сега на аукција се продаваат уште две работи поврзани со легендарниот тренер.

Се работи за таблата на која Ферги го напишал составот на Манчестер Јунајтед на првиот негов меч пред 27 години. Деби мечот на Фергусон како тренер на „Црвените Ѓаволи" му беше против Оксфорд Јунајтед на 8 ноември 1986 на кој беше поразен со 2:0.

На историската хартија Шкотланѓанецот лично ги напишал стартните 11 играчи кои настапиле во тоа време, а најголемата ѕвезда меѓу нив е еден од најдобрите дефанзивци од Ирска, Пол Макграт.

Во екипата на Манчестер се уште не биле пристигнати идните големи ѕвезди како Петар Шмајхел и Рајан Гигс, а инаку претпоставките се дека таблата ќе биде продадена за само 2000 фунти.

На аукција ќе се продава и хартијата каде е пишат составот на последниот натпревар на Фергусон кој се одигра пред 10 дена против Вест Хем и кој заврши 5:5. Ова историско парче хартија не е лично пополнето од страна на Ферги.

29 мај 2013 - 17:47