Кој сака да ја купи мастиката на Ферги?

Алекс Фергусон замина во историјата, а со тоа ќе ни биде скратено и задоволството да го гледаме неговото познато џвакање на мастика. Но еден „среќен" купувач може да ја поседува неговата последна мастика.

Помеѓу сите предмети кои се продаваат на Ebay, од синоќа има и еден многу редок примерок. Барем така тврди продавачот.

На Ebay од синоќа се продава и една изџвакана мастика за која се тврди дека му припаѓала на Алекс Фергусон. Токму оваа мастика тој ја џвакал на неговиот последен натпревар пред заминувањето во пензија.

До сега има 8 понуди и цената на мастиката на Алекс Фергусон достигна до 28 фунти. Ако сте заинтересирани да ја купите, клик тука.

20 мај 2013 - 14:29