Историскиот папир на Фергусон ќе добие нов сопственик

По пензионирањето на легендарниот Ферги, весникот „Метро" објави дека мастиката која ја џвакаше Шкотланѓанецот на последниот меч била продадена за 400 илјади фунти. Сега на аукција ќе се продаваат еден од двата историски листови хартија за кои впрочем беше најавено.

Се работи за таблата на која Ферги го напишал составот на Манчестер Јунајтед на првиот негов меч пред 27 години. Деби мечот на Фергусон како тренер на „Црвените Ѓаволи" му беше против Оксфорд Јунајтед на 8 ноември 1986 на кој беше поразен со 2:0.

На историската хартија Шкотланѓанецот лично ги напишал стартните 11 играчи кои настапиле во тоа време, а најголемата ѕвезда меѓу нив бил еден од најдобрите дефанзивци од Ирска, Пол Макграт.

Церемонијата ќе се одржи на 22 јуни, ќе ја организира аукциската куќа „Хенри Олдриџ и синовите" во местото Дивајзес во Јужна Англија, а папирот ќе го претстави навивач на Оксфорд кој го добил како сувенир од поранешниот играч Питер Роудс Браун.

Според најавите хартијата на која Фергусон го напишал составот на првиот негов меч за Манчестер ќе биде продадена за сума од 2000 до 3000 фунти.

17 јуни 2013 - 16:54