Лондонското дерби помеѓу Челси и Арсенал на Арсен Венгер му носи голем јубилеј од 1000 натпревари на клупата на „Топџиите“, а по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон во моментов нема друг тренер кој толку долго води еден ист клуб во Премиер лигата.
Францускиот стратег беше назначен за тренер на Арсенал на 30 септември 1996 година, а според најновите пишувања на англиските медиуми тој ќе го продолжи договорот за уште две години.
Интересно е што со 572 победи, тој има остварено 8 победи повеќе со Арсенал, отколку Фергусон со Манчестер Јунајтед, додека пак Шкотланѓанецот загубил 4 пати помалку од него.