Дејвид Франзони, авторот на сценариото за „Гладијатор" со Расел Кроу, и продуцентот Стивен Џоел Браун, изјавиле дека сакаат да го деконструираат стереотипното портретирање на исламските карактери во западната кинематографија. Како? Со тоа што Руми во нивниот иден проект ќе го игра - та-нааа - Леонардо ди Каприо!
Во богатата програма на овогодишниот офф.фест кој започнува на 27 мај, еден настап очекуваме да се издвои, не само заради музиката, туку пред сè заради стиховите - оној на американскиот рапер, поет и актер Сол Вилијамс.
Едноставна, животна, искрена - таква е поезијата на Јовица, на која поголемиот дел од оние што сакаат да се нарекуваат македонски поети не ѝ се ни до колената. Во неговата биографија на крајот на оваа нова книга пишува: „Сè уште живее и работи во Скопје“. Фала богу, додаваме, инаку што би правел овој град без него?
Има луѓе што се дежурни коментатори на Фејсбук. Има такви што си бараат сродна душа на Тиндер. Трети киснат на Твитер. А има и такви што прават виртуелни тројки, ама за пишување песни.
Замислите дека со сила ве натерале да се оди некаде за празниците, сте уплатиле некој од оние евтини аранжмани во пакет со авионски лет, и сега дремете на аеродром со две деца и куп куфери, чекајќи некакво објаснување зошто вашиот лет доцни со саати. Но за целата нервоза има решение: поезија на звучници од домашни автори.
Тролањето на претседателските кандидати во САД, традиционално креативно, добива нови димензии со ликот и делото на Трамп. Најново - книга песни составени од негови интервјуа, говори и твитови.
Својата мудрост ја расфрлавме на избори, Својата храброст на измами и бедотии, На иднината ѝ ги затрувме сите извори, А поразите ги прогласивме за победи.
Една џуџеста планета знае да инспирира куп уметнички дела - од Реј Бредбери до Бјорк, прослава на нашето буквално и метафорично приближување кон она што ни е далечно и непознато, и оние ретки моменти кога изгледа дека сме дознале нешто ново за него.
Актерска клетва е да бидеш запамтен само по еден лик, а притоа никој да не ги цени другите дарби кои ги имаш. А Нимој, кој почина вчера, 27.02, на 83 години, навистина бил активен и вон актерството - режирал, фотографирал, пеел, и пишувал поезија.
Поранешен добитник на Пулицер, чија поезија ги содржи звуците, мирисите и болката на тешката физичка работа, почина на 13.2 во неговиот дом во Калифорнија. Имаше 87 години.
Ако на нешто асоцира Брехт, тоа сигурно не е еротска поезија. Па сепак, тој има напишано над 2,000 песни од кои повеќето со ваква содржина. Некои се романтични и нежни, но други звучат како излезени од перото на Маркиз де Сад.
Се сеќавате на Италијанката сестра Кристина, која стана сензација по нејзиниот настап на италијанската верзија на „Идол", пеејќи ја Алиша Кис? И пред неа имало храбри жени посветени на Бога, кои и во многу потешки времиња покажале што значи да се биде еманципиран, не како маж или жена, туку како човек.
Комбинирајќи терапија, театар и забава, Поетесата за итни ситуации нуди консултации во нејзиното амбулантно возило и препишува стихови како лек. Истото го правиме и ние, нудејќи ви ја денешната доза, која се зема на гладно срце, со чај.
Бинош, освен импресивна актерска кариера, има и други таленти - пишува поезија и слика. Во еден од нејзините најнови филмови таа не само што игра професорка по уметност, туку и самата ги нанесува боите на огромните платна.
„Поетите реагираат" (Poets Respond) е веб рубрика на поетското списание Rattle, кое од јуни оваа година ги покани сите поетски настроени да опишат значаен настан во текот на неделата. Така се создава архива од некој вид пара-вести, односно се промовира поинаков новински дискурс, овој пат во стихови.
И покрај нашата конзервативност кога е во прашање нова музика, признаваме - Лана дел Реј има „нешто". Меѓу другото, нејзините стихови содржат и куп книжевни референци.
Шоу од типот на Поп идол или Икс фактор, во кое учесниците пишуваат и рецитираат своја поезија, а 70 милиони луѓе со невидена возбуда ја очекуваат следната епизода. Не е кромид, ова навистина постои.
Ако е точно дека мајмуни кои случајно типкаат на тастатура би можеле да го напишат целокупното творештво на Шекспир, доколку имате доволно банани за да ги храните додека не успеат во тоа, зошто луѓе на интернет не би можеле да состават сонет од 14 стихови за 14 недели? Едно списание покренува токму ваква акција.
Како што ние се обидуваме да комбинираме наслови на вести за да добиеме некаква песничка која има смисла, така и Рејмон Кено смислил систем за генерирање песни со комбинација на стихови. Само за да ги прочитате сите негови ќе мора малку подолго да поживеете.
Ле Фигаро објави информација дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек.