Таг: поезија

Не ја исмевајте поезијата. Ентер.

Се сеќавате на расправијата во Ростов-на-Дон околу Имануел Кант и неговата „Критика на чистиот ум"? Епа во Русија повторно се случил инцидент, овој пат поттикната од една книжевна дилема. Сега има и мртви.

Има сè помалку зборови извадени од џигер

Игор за она што доаѓа тивко, за она што мора да се каже и за премолчените работи. Отворено и искрено со Илинка Делчева.

9 песни за суштествата со 9 животи

Денес да ти бил Национален ден на мачката во САД. Давајќи му меѓународен карактер, постов го посветуваме на поезија посветена на овие меки, шепести, ушести, предачки суштества, кои заслужуваат повеќе од тоа да бидат третирани како LOL субјекти.

Автокомплетирана поезија

Гугл поетикс е блог кој почнал да собира таканаречени Гугл песни од октомври 2012. Тоа се оние кои се формираат кога пребарувате некој поим, а Гугл ви сугерира цели реченици. Нивните комбинации често се смешни, апсурдни, но има и такви кои навистина имаат смисла.

Сте слушнале ли за Рендал Џарел?

Koга се работи за американската литература на дваесетиот век, постојано како да се вртат едни и исти имиња, за кои веќе знаеме и најситни детали од приватниот живот. На таа сметка, други пак се неправедно запоставени и речиси непознати во нашата средина.

Почина Шејмас Хини

Сметан за најголем ирски поет по В. Б. Јејтс, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата од 2001 и на Нобеловата за литература замина во вечните поетски ловишта на 74 години.

Спрингстин наспроти Џеј Зи

Дали помеѓу хип-хоп генерацијата и онаа која се бореше за граѓански права во Америка има длабоко недоразбирање околу тоа што претставува општествена одговорност? Дали Спрингстин е поангажиран поет од Џеј Зи? Излегува дека за оваа работа не е важно дали си црнец или белец - битно е дали си богат.

Компулсивно-опсесивна поезија

Денес ни тргна со поезијата, па ќе продолжиме во тој дух. Ама овој пример е од оние необичните, за кои дури и оние кои не сакаат поезија би требало да имаат симпатии. Да имаат симпатии. Да имаат симпатии.

Хаику во вселената

НАСА во ноември ќе испрати ново летало во вселената. MAVEN има мисија да ја испита атмосферата на Марс, а за нејзино поетско збогатување со него ќе бидат испратени и 1,100 хаику песни, кои беа одбрани на конкурс организиран од Универзитетот во Колорадо.

Стојам и се гледам како постојам

Поетот Дарко Рундек и неговите стихови со вкус на солена кожа и стопен сладолед, наместо разгледница од некогашното „наше“ море.

Врската помеѓу новинарството и поезијата

Дикенс, Хемингвеј, Марк Твен - во историјата на книжевноста чест е случајот славни писатели да живееле од новинарство. Но врската помеѓу новинарството и пишувањето поезија е поспецифична. Еве зошто.

Поетски настроен Твитер

На многумина ова ништо нема да им значи, но Твитер се поднови со една навидум проста, но до сега непостоечка опција - нови редови!

Бактериолошки исправна поезија

По веста дека 154 сонети на Шекспир и говор на Мартин Лутер Кинг се складирани во човечка ДНК, сега еден поет успеа да ја направи првата поетска - бактерија!

Поетска Олимпијада

NPR (National Public Radio), во духот на древните традиции, покани поети од целиот свет да напишат стихови посветени на Олимпијадата. Победникот ќе го одредат читателите, со гласање. Еве го нашиот фаворит.

Поетесата во Мерлин

Книгата „Фрагменти: песни, интимни белешки и писма", посветена на помалку познатите детали од животот на најпознатата русокоса, откриваат голем јаз меѓу нејзината јавна личност и ранливата, чувствителна приватна Мерлин. Особено песните, кои се сочувани во ракопис.

O-да-да на Олимпијадата

Градоначалникот на Лондон на специјалното отварање за Меѓународниот олимписки комитет, кое ќе се случи денес (понеделник) вечер, ќе рецитира. И тоа двојазично - на англиски и на старогрчки.

Протеини и поезија

Што се случува кога еден бодибилдер ќе се сретне со острата поезија на Дамир Авдиќ? Прво ќе се разгневи, а потоа ќе му се присака ракија и ќе му дојде да пцуе. Чаре: фикциотерапевт и забрана за поезија.

Поетски СОС телефон

„Секој здрав човек би можел да издржи без храна два дена - но не и без поезија", пишува Бодлер. Сега, благодарение на Музејот на современа уметност во Њујорк, до животно важните стихови можете да дојдете само со едно вртење телефон.

Градоначалничка поезија

Мајкл Блумберг, „таткото“ на Њујорк, пред некое време се проба во областа на поезијата. Повод: Националниот ден на џепна поезија. Резултат: очаен.

Олимписка поезија

Поезијата ќе има свое место на годинашниве летни олимписки игри во Лондон. Целта на проектот е да го сврти вниманието кон поезијата преку поставување инсталации со стихови во Олимпискиот парк, и со нив да го поттикне спортскиот дух.

Ил’ е бозон, ил’ е зезон

Критикувајќи (или повеќе - исмевајќи) поетска творба на извесен Игор Шипиќ под наслов LHC ('Large Hardon Colider'), напишана во високопарен стил, уште познат и како „серење мермер“, критичарот на Booksa.hr реплицира, но овој пат во форма на народен еп.