Освен словенската антитеза, добро му оди и со раскринкување на мотивите на научните работници - што е потрагата по вистината во однос на сумите кои се трошат на ова таканаречено епохално, а всушност прилично бескорисно откритие ин прогрес?
Песната ја пренесуваме во слободен превод на македонски. Оригиналот од обете тука.
LHC
Што е тоа што лета низ овој детектор?
Дал’ е ро мезон или се тау неутрини?
Не, ро мезон веќе би се распаднал,
тау неутрините веќе би се разлетале,
тоа е Божјата Хигзова честичка.
Фала му на Бога и на денешниов ден
кога го зграпчивме тој мал ѓавол.
Што и да е, нека е Хигз -
тоа ни одговара, не е дилема
па јал’ го има, јал’ го нема.
Каде се оние што можат да судат,
кога меѓу себе се лажеме од време?
Сега уште треба и народот да го убедиме,
бројните нивни сомнежи да ги скриеме,
и да се отарасиме од големата грижа
за катедрите и за добриот глас,
и за нас, и за рамните, и за подредените.
Тогаш бргу браќа ќе наздравиме,
и кон Стокхолм ќе тргнеме.
* ро мезон - вид хадронска честичка со краток животен век
тау неутрино - вид субатомска елементарна честичка