„Поезијата нè прави поздрави, исто како и трчањето, скокањето и исклучителните физички достигнувања", изјавила Керол Ен Дафи, поетеса и подржувач на проектот.
Планот е на влезот на паркот да се истакне антологискиот стих на Алфред Лорд Тенисон - „Да тежнееш, да трагаш, да наоѓаш, а не да се предадеш", од неговата песна „Одисеј", кој победил во јавната анкета. Ќе бидат поставени и пет нови песни, напишани од некои од најпознатите британски пера. Кога ние би организирале Олимпијада, летна или зимска, би можеле на влезот да ставиме пар стихови од „Тешкото": „Свирчиња штом диво ќе писнат, штом штоперица ќе грмне со подземен екот - во градиве зошто жал лута ме стиска, во очиве зошто навира река".