Во пресрет нa ОФФест

Сол Вилијамс, или хип-хоп дервишот на зборовите

Во богатата програма на овогодишниот офф.фест кој започнува на 27 мај, еден настап очекуваме да се издвои, не само заради музиката, туку пред сè заради стиховите - оној на американскиот рапер, поет и актер Сол Вилијамс.

Приказната за Сол почнува во 1996, кога тој и неколку негови пријатели победуваат на националниот поетски слем во Орегон, во конкуренција на 120 учесници од 27 градови. Целата битка помеѓу конкурентските тимови таа година, хистеричните реакции на публиката на „слемувањето" и воопшто деталите за оваа сцена се прикажани во документарецот „СлемНејшн". Две години подоцна е симен и играниот „Слем", во кој Вилијамс ја игра главната улога на затвореник талентиран за поезија, а филмот доби главна награда oд жирото на фестивалот Санденс.

Тоа е време кога тој почнува да се занимава со музика, и да настапува со познати имиња, како Д Фјуџис или Ерика Баду. Во 2001 излегува неговиот прв албум „Аметист рок стар" продуциран од Рик Рубин, кој претходно има работено со Паблик Енеми, Ред Хот Чили Пеперс и Бисти бојс, а оваа година го издаде петиот албум, „Мартир Лузер Кинг". Во меѓувреме, освен со музика, се занимава и со пишување (негови текстови се објавувани во Њујорк Тајмс и Есквајр), а има издадено и четири збирки поезија. Играл и во театар, главна улога во Holler If Ya Hear Me, бродвејски мјузикл со музика на Тупак Шакур.

Вилијамс го нарекуваат „водечки глас на сцената на изговорениот збор", а Есквајр го опишува како „вербален дервиш со суканици". Тој го комбинира ритамот и темите на бит поезијата занимавајќи се со сложени прашања поврзани со религијата, насилството, социјалната нееднаквост. Нема пофални зборови ни за современиот хип-хоп, кој според него почнал да покажува опасна толеранција кон „булшит лирика". А стиховите на овие песни дури и несвесно влијаат и ти влегуваат под кожа, затоа што „кога нишаш нагоре-надолу со главата на ритамот, практично покажуваш дека се согласуваш со нивната содржина".

Toкму за ова зборува неговата песна „Телеграма“, којашто е порака упатена до новите генерации кои се занимаваат со хип-хоп, кои можеби затоа што се служат со бежични микрофони имаат забегано од базата на оваа субкултура

Perhaps we should not have encouraged them
To use cordless microphones
For they have walked to far from the source
An' are emittin' a lesser freuency, stop

А ова е видеото за „Бурунди", првиот сингл кој излезе од „Мартин Лузер Кинг", а е инспириран од патувањата на Сол низ Африка.

Сол сепак има и нежна страна, како овие стихови:

20 мај 2016 - 17:18