Иако замина на 31 година, имаше одлична деби сезона во најсилната кошаркарска лига во светот и на 50 натпревари оствари просечен учинок од 7 поени, 4,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар. Ова се впечатоците на првиот Македонец во НБА.
Кошаркарите на Атланта пропуштија шанса да се најдат на чекор до пласман во втората плејоф рунда откако по неизвесна завршница го загубија четвртиот натпревар.
Кога Перо Антиќ стартува на центарската позиција, Атланта победува против Индијана. Така беше и на првиот натпревар од плејофот. Тимот на Перо Антиќ го изненади фаворитот и со победа ја стартуваше плејоф серијата против Индијана.
Откако се потврдија сите учесници во плејофот на НБА лигата, кладилниците ги објавија коефициентите според кои Мајами е најголем фаворит за одбрана на титулата, а најмали шанси имаат Антиќ и Атланта Хокс.
Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во седмото учество по ред во доигрувањето, кошаркарите на Атланта влегуваат со победничка форма по триумфот на гостувањето кај Милвоки.
Откако Атланта обезбеди пласман во плејофот, тренерот Баденхолцер и неговите играчи си дозволија да се опуштат и загубија во последната секунда од Шарлот.
Перо Антиќ го наостри шутот и растури против Индијана. Со речиси перфектна реализација, Антиќ постигна 18 поени и постави свој нов личен рекорд во НБА лигата и тоа на гостувањето против Индијана.
Кошаркарите на Атланта го губат здивот во борбата за последното место кое води во плејофот во источната конференција. „Јастребите" загубија на домашен терен и од Чикаго Булс.
Како новинар на спортскиот блог Grantland ги запозна Македонците по еден ден поминат со нашиот Боне Темелков и гордите навивачи кои го пречекаа Перо Антиќ во Торонто.
Кошаркарите на Атланта Хокс загубија и на гостувањето кај Минесота со што заредија четири порази во серија, а нашиот Перо Антиќ се повреди откако згазна на тренерот.
Водителите на НБА шоуто The Starters дискутираа за интересна практика на Перо Антиќ. Тој си го вежба шутот за три на празно. Можеби и тоа е причината за успешноста на Антиќ од зад линијата за три поени. Со реализација од 35,3% тој е најдобриот тројкаш помеѓу центрите во НБА.