Атланта и Антиќ се вратија во игра за плејоф

Кошаркарите на Атланта Хокс триумфираа против Кливленд Кавалирс и се вратија на осмата позиција која води во плејофот.

Со победата над Кавалирс, но и по поразот на Њујорк од Вашингтон, Атланта Хокс се врати на осмата и последна позиција од источната конференција која носи во НБА плејофот.

Атланта ја имаше контролата во текот на целиот натпревар и на крајот извојува победа од 117:98.

Мајк Скот со 26 и Џеф Тиг со 20 поени ја предводеа Атланта до победата, а Антиќ одигра скоро 18 минути за кои имаше учинок од 6 поени, 5 скока и 1 асистенција.

5 април 2014 - 08:51