Антиќ ја продолжи добрата форма. По рекордните 18 поени против Индијана, тој на натпреварот против Детроит беше на чекор до нов дабл-дабл учинок.
За скоро 28 минути игра тој постигна 13 поени (3/4 за 1п, 2/7 за 2п и 2/6 за 3п), а оствари и 9 скока, и по 1 асистенција и блокада.
Сепак Атланта беше немоќна против Детроит и загуби на домашен терен со 95:102.
Со 34 победи и 43 порази, Атланта се уште го држи осмото и последно место кое води во плејофот пред Њујорк кој има скор од 33/45.
Во четврток наутро во 1:30 по наше време, Атланта го пречекува Бостон, а до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште пет натпревари.
Резултати:
Атланта - Детроит 95:102
Минесота - Сан Антонио 110:91
Мајами - Бруклин 87:88
Јута - Далас 83:95
Сакраменто - Оклахома 92:107
ЛА Лејкерс - Хјустон 130:145