Перо останува во НБА

Славниот македонски крилен центар уште една година ќе биде дел од најквалитетната кошаркарска лига во светот во составот на „Јастребите“.

Перо Антиќ минатата сезона потпиша две годишен договор со Атланта, но во клаузулата му стоеше дека само првата му е загарантирана. По одличните игри управата одлучи да го задржи нашиот интернационалец кој оваа сезона ќе заработи 1,25 милиони долари. 

Дебитантската сезона на првиот Македонец во НБА лигата заврши со 50 одиграни натпревари и 352 постигнати поени, 209 скока и 58 асистенции. Во просек тој одигруваше по 18,5 минути и имаше учинок од по 7 поени, 4,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.

Антиќ со Атланта стигна до плејофот каде со сретна во Индијана Пејсерс, а беше елиминирана во мајсторката со 4:3.

За неговите впечатоци од првата сезона клик тука.

15 јули 2014 - 13:27