Таг: обложувачка мафија

Како се мести фудбалски натпревар

Марио Чижмек е еден од хрватските фудбалери кои отидоа во затвор заради местење на натпревари, но за разлика од останатите, тој јавно си призна и во повеќе интервјуа опишува како се местат натпревари. Ова се непишаните правила за манипулирање со натпревар од прва рака.

Наместен натпреварот од ЛШ: Ливерпул-Дебрецин

Откако денес Еуропол објави дека во Европа биле наместени 380 натпревари, а помеѓу нив и натпревари од Лигата на шампиони, медиумите шпекулираат дека еден од тие е и дуелот помеѓу Ливерпул и Дебрецин.

Цела Европа се растура од местење

Еуропол ги соопшти деталите од најголемата истрага за местење на натпревари во Европа. Идентификувани се 425 лица вмешани во местење, а под истрага се 380 натпревари. Помеѓу нив е и еден натпревар од Лигата на шампиони одигран во Англија.

Меч во Италија се купува за 600 илјади евра

На последното сослушување, србинот Алмир Гегиќ кој пред два месеци беше уапсен во Италија за местење натпреври, на слика го посочи човекот кој давал мито во износ од 600 илјади евра за еден натпревар.

Канаваро и Грава ќе бидат казнети за премолчена местенка

Наполи чиј член е Горан Пандев најверојатно ќе остане со 2 поени помалку, а Канаваро и Грава ќе бидат суспендирани на 6 месеци затоа што одбиле да наместат натпревар, но не пријавиле на надлежните.

Уапсени 11 бугарски фудбалери за местење

Бугарската полиција уапси 13 луѓе, од кои 11 се фудбалери. Уапсените се членови на Черноморец и градскиот ривал од Бургас, екипата на Нефтохимик под сомнение дека учествувале во местење на натпревари.

Фудбалери на Наполи обвинети за местење

На фудбалскиот клуб Наполи каде во моментов настапува Горан Пандев, му се заканува казна со одземање на бодови затоа што четворица фудбалери од овој клуб во 2010-та година биле вклучени во обид за местење на натпревар против Сампдорија.

Судиите од Калчополи ќе платат казна од 4 милиони евра

Италијанскиот суд им нареди на 14 луѓе вклучени во скандалот со наместени натпревари од 2006-та година да и платат на Фудбалската федерација на Италија казна од четири милиони евра.

Се стопира постапката против француските местачи?

Карабатиќ и останатите ракометари-местачи би можеле да се извлечат затоа што нивните адвокати најдоа повеќе процедурални пропусти. Дополнителна поволност за нив е тоа што кладењето на интернет бил помал грев.

Никој не сака да го вработи кодошот на ФИФА

Симоне Фарина, фудбалерот кој стана амбасадор на ФИФА откако пријави дека добил понуда да намести натпревар од италијанскиот куп, по завршувањето на минатата сезона остана без клуб и сега никој не сака да го ангажира.

Местат и француските ракометни шампиони

Осуммина ракометари на францускиот клуб Монпеље се под истрага дека учествувале во местење на натпревар од националното првенство, а нивните блиски заработиле големи суми во кладилница.

Србите местат и во хокеј?

Хрватските медиуми ги обвинија репрезентативците на Србија дека намерно го загубиле хокеј натпреварот против аматерите од Мексико во рамките на квалификациите за Олимписки игри и заработиле во кладилница.

УЕФА тренира строгост

УЕФА под многу сомнителни околности го испрати репрезентативецот на Малта, Кевин Самут во пензија, односно му изрече суспензија од 10 години заради местење на квалификацискиот натпревар Европското првенство на неговата репрезентација против Норвешка.

Суспендираниот фудбалер го прекина штрајкот со глад

Италијанскиот фудбалер кој штрајкуваше со глад заради суспензијата од Фудбалската федерација, денес го прекина штрајкот.

Се мести и на Светско првенство

Поранешниот прв човек на секторот за безбедност во ФИФА, Крис Итон тврди дека сомнителни натпревари се играат и на големи фудбалски натпреварувања. Под истрага е натпреварот помеѓу Грција и Нигерија од Светското првенство во Јужна Африка.

Кој си знае, си знае

Италијанските медиуми открија тикет од кладилница за кој тврдат дека му припаѓа на Стефано Маури.

Капитенот на Лацио уапсен за местење натпревари

Италијанската полиција уапси 19 луѓе, а помеѓу нив е капитенот на Лацио, Стефано Маури. Под истрага е и тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

Италијански ултраси вмешани во местење натпревари

Кога веќе виделе дека нивниот тим нема шанси да се спаси од испаѓање од Серија А, водачите на навивачката група на Бари решиле да заработат од поразите.

Ново самоубиство на фудбалски местач

Челниците на ФК Работнички се обидоа да не убедат дека не е ништо страшно што сакаат да потпишат со осуден местач од Јужна Кореја, но четворица вмешани во големата афера со наместени натпревари од оваа земја веќе извршија самоубиства.

Во Источна Европа се местат цели првенства

Клубови од Источна Европа ги местат натпреварите од домашните првенства и си ја купуваат својата позиција на крајот од сезоната, па однапред се знае кој ќе биде прв, втор или трет.

Фудбалерите на Бари се растуриле од местење

Италијанската полиција синоќа организираше нова тура на апсења, а овој пат на мета беа фудбалерите на Бари кои се растуриле од местење натпревари во минатите две сезони додека беа во Серија А.