Изминатава недела во Загреб се одиграа натпреварите од прелиминарната квалификациска група за Зимските Олимписки игри во Сочи 2014. Во оваа група се натпреваруваа хокеј репрезентациите на Хрватска, Србија, Израел и Мексико, а домаќините како првопласирани од оваа група се пласираа во квалификациите кои во ноември ќе се одиграат во Будимпешта.
Најголемото изненадување на овој турнир се случи во вторникот кога Србија загуби од Мексико со 3:5, а медиумит во Хрватска обвинија дека Србите намерно загубиле.
Овој пораз претставува вистинска сензација затоа што репрезентативците на Мексико се тотални аматери во овој спорт. Медиумите од Хрватска тврдат дека некој добро заработил од овој пораз на Србија затоа што коефициентот за победа на Мексико во кладилниците бил 15.