Генералниот секретар на FIFPro (Меѓународното здружение на професионални фудбалери), Тео Ван Сегелен изјави дека оваа појава е забележана во повеќе земји и претставува една од најголемите закани за фудбалот.
„Во некои лиги во Источна Европа, клубовите си ја купуваат позицијата на табелата. Тие однапред знаат кој ќе биде прв, кој втор или трет", изјави Сегелен.
Според него, тоа е директно поврзано со нелегалното обложување на наместени фудбалски натпревари, а за ваквата појава редовно го известуваат самите фудбалери. За наша среќам тој директно не ја спомна Македонија.
„Тоа се случува во Србија, во Хрватска и во многу други земји. За неколку месеци ова ќе биде огромен случај и ќе се случат многу апсења, но во овој момент не можам да ви кажам повеќе", додаде генералниот секретар на FIFPro.
Според него, едно од решенијата за овој проблем е воведување на плејоф за екипите кои испаѓаат од лигата за тие да не можат да ги продаваат своите натпревари.
Оваа појава е една од причините за неуспехот на фудбалерите од Источна Европа.
„Често се случува некој фудбалер да не успее во Западна Европа откако ќе направи голем трансфер од клуб во Источна Европа. Тоа е најверојатно така затоа што неговиот претходен клуб му средил тој да постигне 25 гола во неговата лига", заклучи Тео Ван Сегелен.