Здружението на професионални фудбалери, ФИФПро ќе преземе правни мерки против моменталниот трансфер систем според кој фудбалерите се уште се заробени во своите клубови.
Сите креваат паника за жештината при одигрувањето на натпреварите за време на Светското првенство кое ќе се одигра во Катар за девет години, а на никого не му текнува дека слични ќе бидат условите и следната година на Мудијалот во Бразил.
Здружението на професионални фудбалери ФИФПро ги предупреди играчите да не потпишуваат договори во Грција, Турција и Кипар затоа што клубовите не плаќале. Очигледно луѓето од ФИФПро не слушнале за македонскиот фудбал.
Клубови од Источна Европа ги местат натпреварите од домашните првенства и си ја купуваат својата позиција на крајот од сезоната, па однапред се знае кој ќе биде прв, втор или трет.
Фудбалерот Цезар Алберто Кастро Перез од Венецуела со закани со пиштол бил принуден да го потпише раскинувањето на договорот со кипарскиот клуб Олимпијакос од Никозија.