Цезар Алберто Кастро Перез минатата недела бил нападнат и принуден да потпише раскинување на договорот со Олимпијакос Никозија и да се откаже од неисплатените плати, пренесува Меѓународното здружение на фудбалски професионалци (FIFPro).
Фудбалерот од Венецуела ретко добивал шанса во првиот тим, клубот не бил задоволен од неговите игри и не примил плата во последните три месези за што тој веќе долго време бил во спор со својот клуб.
„Во петокот околу 21:45 некој му чукна на врата. Отворив и видов двајца непознати. Бев силно удрен во вратот. Побараа од мене да се откажам од парите кои ми ги должат. Кога одбив, ме удрија во лице и паднав на земја. Еден од нив ми впери пиштол в лице. Ми рече дека ќе ме убие. Морав да потпишан некои документи на кои беше логото на Олимпијакос“, изјавил Кастро за грчки медиуми.
Според овие договори, Кастро го раскинал договорот со Олимпијакос Никозија и се откажал од платите кои му ги должат.
Кастро веднаш го пријавил случајот во полиција, а во болница во Никозија му биле констатирани и повреди на лицето.
Цезар Алберто Кастро пристигна во Кипар минатото лето, а претходно настапувал за клубови од Грција, Шпанија и Мексико.