Полицијата во Бугарија приведе 6 фудбалери на прволигашот Черноморец и уште 5 фудбалери од редовите на лидерот во втората лига, Нефтохимик. Покрај нив се уапсени и двајцата главни на целата организација.
Малверзациите биле приметени врз основа на големи уплати во кладилниците, но повеќе детали не се соопштени, освен тоа дека на испрашување биле повикани уште неколку фудбалери.
Минатата година Бугарија го промени својот законик според кој местењето на натпревари е кривично дело кое се казнува со затвор до 8 години.