Суспендираниот фудбалер го прекина штрајкот со глад

Италијанскиот фудбалер кој штрајкуваше со глад заради суспензијата од Фудбалската федерација, денес го прекина штрајкот.

По четири дена поминати без храна и врзан со ланец за оградата од Фудбалската федерација на Италија, Емануеле Песоли реши да го прекине штрајкот со глад.

Песоли, кој во моментов е член на Верона, заработи суспензија од три години заради вмешаност во наместени натпревари додека играл за Сиена.

31-годишниот фудбалер решил да го прекине штрајкот по совет од доктор, но и откако разговарал со потпретседателот на федерацијата, Деметрио Албертини кој му ветил состанок и со претседателот на федерацијата.

16 август 2012 - 00:29