Канаваро и Грава ќе бидат казнети за премолчена местенка

Наполи чиј член е Горан Пандев најверојатно ќе остане со 2 поени помалку, а Канаваро и Грава ќе бидат суспендирани на 6 месеци затоа што одбиле да наместат натпревар, но не пријавиле на надлежните.

Клубот и двајцата фудбалери ја исчекуваат одлуката на Дисциплинската комисија, но последните вести од Италија велат дека тие сепак ќе бидат казнети.

Сампдорија го победи Наполи со 1:0 во последното коло од сезоната 2009/10 и со оваа победа тие осигураа пласман во квалификациите за Лигата на шампиони.

И покрај тоа што овој натпревар (најверојатно) бил регуларен, Наполи и фудбалерите ќе бидат казнети затоа што постоело обид за местење, а тие се обиделе да го прикријат обидот.

Тогашниот резервен голман Матео Џианело е обвинет дека се обидел да убеди неколку соиграчи да го наместат натпреварот, а сегашните соиграчи на Горан Пандев кој во тој период го носеше дресот на Лацио, Паоло Канаваро и Џанлука Грава одбиле да местат, но не го пријавиле обидот.

Тие ќе бидат казнети на ист начин како што за премолчување на наместени натпревари беше казнет и тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

14 декември 2012 - 15:16