Поранешниот член на Интерпол кој во мај оваа година стана директор на Интернационалниот центар за спортска безбедност, во 2010-та година за време на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка ја извршување функцијата прв човек на одделот за безбедност во ФИФА.
За време на неговото работење во ФИФА тој им влезе во трагата на неколку корупциски скандали, а според неговото тврдење, анти-корупцискиот оддел на ФИФА ги истражува сомневањата за сомнителните случувања на натпревар од Светското првенство.
Според него, сомнителен е натпреварот од групата Б помеѓу Нигерија и Грција. На тој натпревар Нигерија имаше водство од 1:0, но во 33-та минута Сани Каита заработи црвен картон по што Грција направи пресврт и победи со 2:1.
Итон се сомнева дека Каита намерно го заработил црвениот картон, но ФИФА демантира дека се води истрага за било кој натпревар од Светското првенство во Јужна Африка.