Младиот Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски се кошаркарите кои отпаднаа од конечниот список на кошаркари кои ќе играат за Македонија на претстојното Европско првенство кое се игра во четири земји.
Српскиот стратег Александар Џикиќ кој на два дена пред стартот на подготовките неочекувано доби отказ од кошаркарската федерација на Македонија, за Офф.нет.мк вели дека во моментов двајца луѓе одлучуваат за сè во МКФ од кои едниот веројатно ќе биде следен селектор.
На само 45 дена пред почеткот на Европското првенство во кошарка, македонската кошаркарска федерација реши да ја прекине соработката со Србинот Александар Џикиќ.
Човекот задолжен за македонската кошаркарска селекција се појави во студиото на СОС каналот со маица од белградскиот хип-хип состав Прти Бее Гее и откри дека рапот го мотивира во работата.
Селекторот Александар Џикиќ денес и официјално го објави поширокиот список на кошаркари на кои смета за натпреварите од ЕП против Хрватска, Грција, Словенија, Грузија и Холандија.
Откако направија инвазија во Задар и Вараждин за Светското ракометно првенство во 2009 година, македонските навивачи повторно се очекува годинава да ги полнат салите во Хрватска.
На денешната ждрепка во Париз, македонската кошаркарска репрезентација доби посакувани противници, а натпреварите од групната фаза на Еврошампионатот ќе ги игра во Загреб.
Македонската кошаркарска репрезентација уште еднаш, без проблеми ја совлада Белорусија во последниот квалификациски меч за Евробаскетот и стигна до петтото учество на континенталните собири.
Македонската кошаркарска репрезентација, на коло пред крајот обезбеди пласман на континенталниот шампионат, откако вечерва по втор пат ја совлада Данска, но овој пат многу поубедливо со 80: 46. Тоа ќе биде петто последователно учевство за Македонија на Европските првенства.
Избраниците на Александар Џикиќ не успеаа да остварат 100% учинок по првите четири квалификациски средби и со тоа да ја заверат визата за Евробаскетот во Украина. Реваншот против Белгија го загубија со 63:60.
Во Хорсенс, градот во централна Данска, нашата селекција стигна до втората победа во квалификациите за Евробаскетот 2015. По Белгија во Скопје, црвено – жолтите вечерва ја совладаа и Данска (81:75).
Возобновената кошаркарска репрезентација на Македонија одлично го стартуваше новиот циклус за Евробаскетот кој се игра наредната година. Во „Борис Трајковски“ на колена падна силната Белгија која немаше одговор за пресвртот на нашите јунаци.
Гечевски, Чековски, Меккејлеб, Антиќ и Самарџиски се играчите кои се збогуваа со репрезентацијата, а на нивно место чекаме некои нови лица кои своето искуство ќе го „берат" од Владо Илиевски и Војдан Стојановски.
Кошаркарската репрезентација на Македонија пласман на следното Европско првенство ќе брка во квалификациската група Д каде за противници ги доби селекциите на Белгија, Белорусија и Данска.
Не сме само ние импресионирани од Американецот кој го дава максимумот во дресот на Македонија. Поранешниот репрезентативец на Велика Британија, Флиндер Бојд пишува за нацијата која му се поклонува на Лестер Бо Мекејлеб - The God Of Macedonia.
Толку беше. Македонската кошаркарска репрезентација повторно разочара и предвреме ќе ги пакува куферите за дома. Европскиот кошаркарски шампионат го завршува уште во групната фаза со само една победа и четири порази. Мечот со Летонија заврши со 10 поени разлика, но не за нас.
Македонија остана во игра за понатамошен пласман во следната фаза на Европското првенство во Словенија. Литванија во продолженијата славаше над Црна Гора со 77:70, а претходно Србија беше подобра од Латвија со 80:71. За победа на овие две селекции ќе се молиме и утре.
Македонската кошаркарска репрезентација во многу неизвесен натпревар се до завршните три минути, но со многу проблеми во одбраната и катастрофалниот шут од сите позиции потфрли во играта и загуби на четвртиот меч на Европското првенство со 62:54.
Пипан беше во право, нашите кошаркари се налутија по двата порази со контроверзни судиски одлуки и почнаа да газат на Евробаскетот во Словенија. Србија беше немоќна да и се спротивстави на нашата селекција која беше доминантен противник во текот на целиот меч кој го добивме со 89:75.
Деталните прегледи на повредата на Ѓорѓи Чековски покажаа дека станува збор за руптура на мускулот (листот) на десната нога, поради која селекторот Алеш Пипан нема да може да смета на нашиот крилен центар до крајот на Првенството.
Трет ден, трет натпревар за нашите револтирани кошаркари кои повторно мораа да се соочат со чудна одлука на судиите во завршницата од вчерашниот меч против Литванија. Следниот испит против подмладената Србија која има максимален учинок мораме да го минеме успешно.