Во квалификацискиот циклус ќе учествуваат вкупно 26 селекции поделени во седум различни групи од кои пет со по четири и две со по три репрезентации.
Македонија која беше дел од вториот барабан се падна во групата Д заедно со Белгија, Белорусија и Данска.
На ЕП настап веќе обезбедија репрезентациите на Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Србија, домаќинот Украина, како и добитниците на вајлд карта за Светското првенство Шпанија, Финска, Грција и Турција.
Пласман на Евробаскетот во Украина ќе обезбедат сите првопласирани и шесте второпласирани репрезентации, а квалификациските натпревари се закажани во периодот од 10 до 27 август.
Доколку се пласираат тоа ќе биде петто учество на нашите кошаркари на европските кошаркари кои ќе имаат задача да го поправат впечатокот од Еврошампионатот во Словенија каде завршија на 21 позиција.
Група А: Исланд, Велика Британија, БиХ,
Група Б: Бугарија, Израел, Црна Гора, Холандија
Група Ц: Австрија, Полска, Германија, Луксембург
Група Д: Белорусија, Македонија, Белгија, Данска
Група Е: Португалија, Грузија, Чешка, Унгарија
Група Ф: Словачка, Шведска, Летонија, Романија
Група Г: Швајцарија, Русија, Италија