Со пет победи и само еден пораз, нашиот национален тим ослабен без носителите на играта од историското Европско во Литванија, демонстрираше голема борба и желба за надигрување, пред новиот предизвик за Европско првенство кое домаќинот ќе го добие на 8 септември.
Избраниците на Александар Џикиќ славеа против Белорусите со 72:66 и како второпласирана селекција во групата Д ќе патуваат на следнот Евробаскет. Математиките за првата позиција во групата која ќе ни донесеше поповолни противници беше триумф од +25 поени разлика.
Единственото водство на гостите беше со стартните три поени во првата минута, на кое нашите кошаркари одговорија со серија од 11:0. Македонија тргна жестоко и уште по првите 10 минути стигна до одлични 28:17.
По намалувањето на Белорусија во вториот период втората двоцифрена предност ја обезбеди Ѓуровски со тројка. Македонија не ја задржа ефикасноста во втората четвртина и на пауза замина со предност од 40:34.
Најблескавиме моменти за нашиот национален тим се случуваа во првите 5 минути од вториот дел во кои го торпедираа противникот со серија од 14:0, со што ја кренаа публиката на нозе во „Борис Трајковски“ и остварија водство од +20.
Темпото падна во последните 10 минути во кои нашите кошаркари се опуштија и беа далеку од високото водство за лидери во групата.
Хендрикс стигна до нов дабл дабл учинок со 12 поени и 10 скока, а најпрецизни беа браќата Дамјан и Војдан Стојановски со 13, односно 11 поени.
Група Д
1.Белгија 11
2.Македонија 11
3.Белорусија 8
4.Данска 6