И покрај откажувањето од репрезентацијата на најискусните кошаркари, македонскиот национален тим продолжува да гази и по победата против Белгија и Данска, оствари голем триумф на гостински терен против Белорусија од 70:81.
Желбата за победа на нашите кошаркари се покажа уште по првите 10 минути во кои остварија двојна предност од 28:14.
Во вториот дел следуваше голем пад во играта, а домаќините влегоа во извонредна серија од 12:0 за целосен пресврт и предност од 38.36.
Четата на Џикиќ повторно беше на ниво во второто полувреме во кое ги доби и двете четвртини и на крајот стигна до многу важна победа пред гостувањето в среда против Белгија.
Најдобар поединец во нашиот табор беше Бојан Трајковски со 17 поени и 7 скокови, Александар Костовски постигна 15 коша, Соколов придонесе со 11 поени, а Американецот Риџард Хендрикс оствари дабл дабл учинок од 10 поени и 10 скока.